Јас почнав од 5 месеци. Давав вкусови цел месец, оброк воведов од 6. Кај деца со добар напредок, нема потреба од 4. Ама и да почнеш не е некоја грешка. Ако е на доење, дозволи му да ужива во млекото уште еден месец.
Кај нас е обратно, има многу чести и течни столици и едвај чекам да почнам со морков и компир ама нешто не ми дава
@BY<3, @0ли, @babyboy1, @Jana06 и @MilaSs12 Ви благодарам на коментарите! Синко може да почне со вкусови на 5+. Дотогаш млеко. Ми нема логика на 4 месеци да јаде. Понатаму ќе може и да седне во столчето, а не да е превиткан. Убав ден.
Купи си. За почеток ем текстурата е погодена, ем нема 1 саат да вариш морков за една лажица. После, кога ќе почне да јаде ќе му готвиш. Јас вкусови воведов со купечки.
Размислував и за тоа ама си викам купечките сигурно послатки им се, може да не ми ги јаде после домашните. Ќе пробам прво домашни, па ако треба ќе купам.
Кутиите од холле и од хип со готов ориз, пченка, гриз и сл. по колку време траат откако ќе се отворат?
Мене домашните ми се повкусни. Морковот кога е варен е благ има убав вкус. На пр купечка брокула е многу гадна, додека дома сварена испасирана е супер.
Јас како сум се опремила за дохранава и ако не сака да јади има се да исфрлам и готвачи и тањирчиња и лажици
Како сакаш. Дете што јаде, јаде се. Еве за син ми почнав со купени, фала богу јаде секакви. За ќерка ми обратно, не јадеше ништо. Она што нас ни е гадно, не е исто и за нив. Јас не јадам варен обичен карфиол ни купечки ни домашен, ама тие јадат.
Леле Ме изнасмеа. Јас почнав на недела пред 6 да наполни. Тефтери со белешки, дати на воведување, рецепти... Лол. А он да може само овес и ориз би јадел.
Xa! Се надевам ќе биде јадач и со мерак ќе си го исполниш тетратчето. Интересно е во секој случај, и покрај нервозите. Кога му давам нешто за сам да јаде, и три залчиња да изеде ме прават пресреќна, па слики па видеа...
И јас се спремам со видеа за секоја реакција...само празнам меморија а можи и да си купам друга мемориска за тогаш
Пред три четири години да ми речеше некој дека ова ќе го правам... Инаку да пријавам, јас воведов и белка. Деновиве му правам тортички/лепчиња на пареа за сам дa јаде, и решив да ставам цело јајце. Засега нема реакција. Така, мислам дека освен лимон, речиси сѐ друго има пробано. Фали yште да му се свиѓа нешто.