Како јас да се читам, скроз истото, само што ние сме 6 месеци и еве веќе 10 дена како почнавме со пробување вкусови и не сака да ја отвори устата за жива глава. Штом го види лажичето запечатува уста. Не знам ни јас што да правам, да и дадам малку време кога ќе биде спремна сама за јадење, не знам... А за цицање нааа уста толкава отвара.....
Епа на пример, авокадо, банана, жолчка и брашно; батат сварен, жолчка или јајце, и брашно; просо, yрми, и јајце; брокула, брашно и јајце... комбинации многу со било кој зеленчук, сѐ ставам отприлика, на едно јајце околу две лажици брашно. Блендираш 2-3 минути, ставаш во мало садче, го покриваш со фолија, правиш дупчиња, и се готви на пареа околу 25мин. Стои покриено 5 мин и готово. Многу побрза варијатна ми е отколку да правам леб на пример, ако се стави зеленчук дури и ко цел оброк му доаѓа. Пред да воведеш жолчка, може банана или авокадо да ја замени. Ептен меко испаѓа, супер е и за без заби. Еве слика како изгледа готвењето. Може и во обично тенџере со некоја решетка или сад во сад да се стави.
Хахаха моево на почетокот така беше јадење за жива глава нејќеше а сеа ако јадеме и он е одма на маса и ќе јаде само ако му даваш он нашето јадење, значи на сите друштво им прави. Додека на почетокот живци искинав а сега сфаќам дека не јас коа сакам туку он коа ќе сака ќе јаде (ние до пред да тргнам на раб бевме само на доење)
Моево веќе 7 направи ама уште абер нема, ептен ако бутнам со сила некако ништо не сака, а за цицање прв е да може 24/7 на цице ќе седи. Почнувам да се нервирам веќе зарем уште само млеко го задоволува.. Вака понапреден е со тежина скоро 10 кила е.
Пишано е.. Купив јас апарат за готвење на пареа па ќе видиме дали ќе сака да јади или ќе го спакувам во некој ќош...
Јас и правам летна манџа. Компир, тиквичка, пиперка и домат. Понекогаш и модар ставам. Варам се, пасирам со вилушка или пред варење ако имам време сецкам на ситно. Кога ќе се излади маслиново масло и спремно е
Колку оброци на ден имате вие што сте на комбинирана исхрана мислам на доење и Ад млеко? Ние сме 8 месеци и имаме 3 оброци плус доење и навчер пред спиење Ад млеко.
Јас зедов philips од сетек..еднаш само ми е пробан не сме уште почнати со цврста храна.. Околу 3.700 беше
На ќерката сум и давала ваква комбинација, ама не се сеќавам дали за доручек, ручек или вечера. Фала ти
Домат ставам во леќа,компир и грашок манџа. Ставам и во сос за макарони Пиперка исто во истиве манџи а му имам давано и пиперка и модар домат печени, со компир и лук варени. Се на крај изблендирано со маслиново масло
Извини, јас дури сега отварам. Можеш да, и тоа се воведува три дена како секоја друга намирница. Прво по неколку капки, а после до едно мало лажиче. Ако има проблем со столицата, препорачуваат дури и во овошни каши да се става.