Можам ли да комбинирам компир, домат и телешко месо? Се да сварам и во бленде .. И друго што можам да воведам за 5 и 6 месеци
Да јас вчера тоа му дадов Компир,морков,кромид,домат и месо и босилек Компирот е подобро да го испасираш со малку вода, јас користам од оние алатки со рачки за пасирање Во блендер ако го ставиш се прави леплив и се тегне, пробај на двата начина како ќе ти го јаде така давај
Меѓу другото помага и кај запек. Секако првенствено се дава поради масните киселини кои се потребни за правилен раст и развој и за разградување на одредени витамини кои се внесуваат преку овошје и зеленчук
Мислам дека ти е рано за домат. На 8 месеци се воведува, ако сум грешка нека ме исправи некој. И месо на 7. Компир можеш да даваш. Комбинирај со морков или тиквица, пример.
Може ли да прашам едно глупо прашање Во бебе готвач пишува на 9 месеци се воведуваат тестенини без јајца. Јас воведов само макарони. Сега да сакам да, ставам фиде не треба посебно воведување?! Исто и за тарана без јајца?!
Не треба посебно, претпоставувам од иста житарка се направени сите? Провери тоа, ако ја имаш воведено житарката од која се направени, не ги воведуваш посебно
Па пченично брашно пишува на макароните, мислам дека и шпагетите и фидето се од исто(после ќе проверам). Сум дала пченичен гриз. Ваљда треба да е ок А пченица и пченични снегулки, оосебно, немам воведено
Мајки сакам да почнам со дохрана на бебушка, за некој ден ќе има 5 месеци само на ад сме, колку што разбрав се почнува со вкусови само по неколку лажички по 3 дена секој вкус еднаш дневно, е сега прашањето ми е дали само варам и блендирам? Се додава ли од водата во која се варело? И кои овошја и зеленчук треба да и ги давам за почеток?
Јас варев и цедев па ако треваше вода додавав купечка т.е ладна.Јас почнав со јаболко,крушка,слива,банана,морков,компир,сладок компир,брокула од житарки палента и ориз.Ориз за почетокот купував од хипп во кутија па после варев од ние пто јадеме.Мене ова мени ми го даде педијатар,порано родени близнаци и после 6 месеци почнав со храна и првата недела по 3 лажички после без проблем си јадеа 100 до 200гр.Најди си табела според месеци што се воведува и постепено и читај околу подготовка,начин на чување.Мој совет е воведувај сезонско овошје и зеленчук а тие што се високо алергени после 1 година.Јас варев се првите 3 месеци освен банана.