На кое прашање сум го дала одговоров, не памтам? Од која возраст може да му ставам кравјо млеко на пр во палачинки,мафини, млеко со бисквити, гриз со млеко...? За неколку дена прави годинка, сеуште е на доење.
Здраво мајки, и јас од денес во оваа тема за прв пат Денес сакам да почнам прво со морков (сакам прво зеленчук па овошје). Сега се мислам дали е ок да му давам ова време како за ручек? Може и нешто порано, само денес така стигнав..Па ќе видам како ќе бендисаме. Инаку, на 2ри правиме 5 месеци, досега само на доење сме.
Подобро да му даваш сабајле нов вкус за да го пратиш во текот на денот дали ќе пројави алергија, така ме советуваше педијатарот
Една по една ќе се населиме тука Јас давам околу 11ч. морков од зеленчук ќе давам покасно незнам кој рече дека затвара ако не сум грешка па ќе го давам покасно.. Досега дадов круша и јаболко па после во план ми се сладок компир,банана,тиквичка,праска,слива и авокадо па тек после сите овие морков.. Ако сум грешка за морковов нека ме исправи некој па да го воведам порано... Иначе како поминавте со пробувањето?
Не дадов ај реков за како наутро да биди, преѓе доцна стигнав. И мене ме интересира за морковот баш сакам да знам. Мојов не е покакан 3,4 дена веќе па да не направам проблем со морковот, не знам...
Како се прави кашичка од ориз и јаболко? Треба неколку дена оризова каша да давам, па да почнам да мешам со јаболко. Треба да го варам или свежо? Ориз може од овој ние што јадеме или има некој бебешки?
Ваква комбинација немам дадено никогаш, чидно звучи. Ориз само со млеко давам. Сега веќе и какао ставам. Ориз бебешки, инстант, на хип и холе имаш, само се полева со вода (50 степени). А друга опција е класичен ориз. Јас од дм земам за него од такви работи, палента, леќа, се можеш да најдеш. Јас би го мешала варено јаболкото.
И мене ми иде логично варено. Чудна ми е и мене комбинацијата, докторката ми предложи заради проблеми со мешето 2 недели прво само ориз и после да додавам јаболко, па на контрола да ми објасни околу дохраната.
Ориз со јаболко има кашички. Ми носеа мене од Германија за бебе, постои таа комбинација. Инаку јас му давав на моево и ориз со морков и ад, го јадеше. Рецептава е чудна исто ама ја најдов во еден готвач за бебиња. Инаку јас на почетокот му давав инстант ориз од хип, сега во зеленчукот и месото ставам обичен Едит: Јана каков блендер имаш? Јас на почетокот многу го уткав кашичките со нутри булет додека не сфатам дека повеќе количински треба да ставам. Со рачен блендер немам таков проблем, повеќе ми се свиѓа. Инаку на хип исто имаш кашичка my first applе, демек 100%овошје е можеш за проба да му дадеш така.
Се надевам не е нешто сериозно. Комбинацијата е чудна затоа што не ја јадеме ние, ама може да е вкусна, не велам не. Јас на синко му мешам се и сешто за ручек, он си јаде а дел од тоа јас воопшто не јадам.
Инстант ноќни каши од хип, холе, хумана има, лино. Си има месечинка на нив, има разни комбинации, со бисквити, јаболко, банана, Чокилино бејби има 6+ бебе го сака. Претежно се со млеко во нив само со вода се прават
Стомачен вирус беше, правевме денеска крвна слика подобар е ама дека на вакцина ќе го носам, па да почнеме пополека со дохрана, а пак да биде ориз. @Cherry333 Убава комбинација ми е ориз со морков, за нас кога правам обавезно и сецкам и рендам морков Кои кашички ти ги носеа од Германија? Можам да си набавам од таму ако има некои со подобар квалитет. Имам и нутри булет и рачен ама сигурно на почеток малку ќе јаде, па со рачниот ќе му правам. Значи не менува ништо дали инстант или обичен ориз? Зашто повеќе сум за обичен.
Да, му правам фрутолино со вода. Ама нема многу шеќер во чоколино и фрутолино? Ајде баш ќе земам утре да пробаме чоколино. Овие од холле, ако се прават со вода мора и маслиново. А не сакам да давам од сега
Па понекогаш ги јаде, демек за бебиња се, не му давам јас од обичното чоколино. Оние на хип особено баш ич не се благи. Инаку прв пат слушам ова за маслиново масло. Јас земам најчесто со ад во нив за да не го спремам, башка го фрлам цело.
Да не е често морков компир ,а јас давам скоро секој ден морков за ручек.Исто да се внимава слива и круша во комбинација да не направат течна столица.Ќе внимавате кога ќе има 2 оброка столицата како е и според тоа ќе си правите мени.
Така имам тука прочитано Овес цело зрно од дм био 4 вида житарки цело зрно од натура И кутиите од хип инстант житарки, ги спремам со вода,без млеко,без маслиново И чоколино од Лино