Тогаш почни со круша или слива.. @Jana06 јас зедов јаболко на холле и круша исто..пробав да правам домашно ама малку јади количински па неможам да спремам по 3 лажички вака ја отварам давам прв ден неколку лажички нареден ден ја јади цела... И мислам ако не си сигурна со ориз каков да даваш прави ја кашата со оризова вода секако ќе треба вода да додаваш..сега на почеток обавезно се се вари освен банана и авокадо тие се даваат свежи.. Јас би го сварила јаболкото и би додала оризова вода да дојди густината таман..па ко ќе навикниш после можиш и ориз да пасираш.. И мене исто рачниот блендер ми е поефикасен сега дека помали количини се
Му направив од сабајле каша од обичен ориз и повеќе ја сака отколку оризовата вода. Го пробав и многу чуден вкус има мислев нема шанси да јаде, а тој само отвара уста како некое врапче. Решив за старт дома ќе му правам.
Вие генерацијава ептен почнавте сите, само јас изгледа абер немам Од спремност за храна имам само чинивчиња, лажички и книга.
Хахахах, а јас само едно лажиче имам, тоа капки што му давам. Ептен неспремна мајка Го чекаме тато да си дојде дома, па да одиме да купиме се што треба.
Тоа е прво нешто што му даваш? И како точно ја припреми? Јас решив денес со јаболче да почнам, само не знам дали со вода или со адаптирано малку да го направам кашесто (или ќе видам самото јаболко колку ќе е кашесто).
Е па добро, не сум била до толку неспремна Хранилка сега разгледувам, а треба и тенџерче, лигавчиња или ќе видиме можеби гол ќе треба да јаде Блендер се мислам за почеток од Делимано како сецко е, имам таков за намази кога правам и задоволна сум, па се мислам таков да земам нов за него. Или подобро со Нутрибулетот, па да земам само нови ножиња и чаша
Ништо специфично, ставаш вода да се загрее и претходно исчистен и измиен ориз го ставаш во топлата вода да врие. Кога ќе почне да се згуснува е готов и само изблендирај. Јас ќе додавам јаболко во оризот после ротата. Се распрашав сега по другарки што правеле, додаваш парче јаболко пред да биде готов оризот, да омекне и се блендаат заедно. Ќе почнував со зеленчук јас ама вака испадна.
Јас имам тенџере за него од баба му и лигавчиња. Рачен блендер имам на gorenje, го купив пред 2 години за нас, па тој ќе го користам.
3 ливчиња ти се доста,убаво измиј го и да стои во вода ладна некој 20мин.Потоа ќе го свариш.Јас на почеток како што е ливчето во средина тоа го вадев кај што продолжува дршката.И комбинирај го со палента или ориз или зеленчук.
Многу комбинации за понатаму ние не би ги јаделе ама тие би требало да ги јадат Ние како договорени, сите бевме за после 5 и пол да почниме ама почнавме пред 5 Јас книга немам ама имам еден куп апликации и табели симнато...дури и тетратче посебно за да запишувам рецепти и датуми на воведување купив
Направивме 4 месеци и дали од сега може да се дава кашички и сокчиња и што од овошје и зеленчук е дозволено