Ќе имаш време да пишуваш домашно? Не почнувам јас најмалку до 5 и пол месеци, рано ми е некако, не ми се брза. Си напредува убаво, ќе почекам уште малку, па ќе ве користам за совети понатаму, вие договорениве веќе искусни ќе сте Почнав да читам за исхраната, се спремам полека
И јас не почнувам пред 5 ипол, некако уште ми е мало бебенце, цицалче Ова ептен дека морав со оризот и таман полека да се навикнува дека постои и нешто друго освен цице.
Ауу со сласт си го изеде. Само не ми текна да измерам колку да му дадам мислев нема да му се свиѓа, му дадов пола од малечка чаша си го изеде. Доста му е, да не претерувам.
@lavinija28 јас почнав со морков,исто со доза страв од запек,но немаше проблем.До сега терам само со зеленчук,на ручек,околу 11:30-12 на пладне.Доручек овде е тек на 9-10 мес,а за ручек е секогаш зеленчук/месо/скроб со цел да стекнат навика и да знаат дека ручекот секогаш е солен. Не е ова пишано правило,само пракса во земјава каде живеам. Ако ти е шубе за морков,почни со тиква или сладок компир.
Денес почнав со јаболко (и поради тоа што не е какан неколку дена). Го сварив, па изблендирав и со водата каде се вареше го направив како кашесто потечно. Леле луѓе, па како сакаше да јади, ќевој беше! Прво плачеше штом му ја тргав лажицата, ја фаќаше со рака, преташе, сам како да сакаше да ја става в уста. По некој саат ај реков уште едно лажиче, абе радости, да се смее, вришти, пика прсти в уста и како уште и уште да сакаше) Утре планирам да зголемам некоја јажица плус. Се покака малку ,ооо супер тоа, се олесна. Па следно си велам со морков да пробам. @dunika почнав со овошје најмногу заради што не беше покакан, инаку сакав со зеленчук (со морков) па следно си велам морков да е и да продолжам со зеленчук
можиш и морковот да го измешаш со јаболко дека ти е воведено ако ти е страв од запек само морков да даваш
Ако ти има проблем со стомачето, немој морков одма да му даваш, знае запек да направи. Пробај тиквичка, тиква, батат
@Jana06 Јас каде што живеам се почнува со житарки, претежно ориз, моево исто почна со ориз ама од тие инстант што се, плус нели се со екстра железо итн. После неколку дена му дадов јаболче, еве 10 месеци е и уште не сака јаболка и овошје општо. Така што, нема врска со што ќе се почне. @crazylady Свежо мислам после година, варена зелка имам на 9 дадено, немал проблеми. Некогаш кога сме излезени ако досаѓа, ми се има случено да му дадам едно резанче од рендана свежа зелка од салата, да си игра да го врти низ уста, тоа било. @lavinija28 Ако има запек исто е добро и слива или yбаво зрела банана, двете спаѓаат во први намирници, можеш слободно да даваш и тоа.
Здраво, утре полниме 4 месеци и по препорака на педијатар ќе почниме со вкусови. Сакав да почнам со јаболко. Е сега ме интересира дали и како го стерилизирате приборот за јадење(лажици и пластични тањири)? Досега шишињата после секоја употреба ги варам.
Не стерилизирам прибор,не гледам потреба,само си имам Фрош детергент за бебе,сунѓерче само за нејзин прибор и кујнска крпа.
Па ако немал од јаболкото реакција можиш и така да воведиш морков.. Ние денес праска пробавме мене ми беше кисела тој со сласт зинува
Мене ме интересира сладок компир како спремате? Се вари со вода? Да го печам или на пареа да го варам?? Тој е онај портокалов компир долг така?