Да, тој е (батат). Јас за нас го печам, за него свари го. По колку грама почна да јаде малиот? Што ти кажа доктор кога треба да има оброк?
Па кога давам нов вкус давам по 5-6 лажички а вториот ден колку сака и најчесто јади од 50-90 грама (50 изеде јаболко вчера не беше воодушевен, а некни крушата 90 и сакаше уште ама не му дадов да не го преоптеретувам) На 6 мес.ми рече оброк а дотогаш да пробуваме и обака имаме многу за пробување па тогаш ќе имаме намирници за оброк
Јас го варам и комбинација со спанаќ и јајце омилен им е .А печен кога почнаа да држат во раче сами да јадат и омилено им беше на хартија за печење компир морков и крушка сите на парченца и така да јадат.
И синко утре полни 4 месеци. И нас ни препорача педијатар кашички со зеленчук, но сметам дека е рано. Лажици и тањирчиња нема потреба да стерилизираш. Само убаво да се измијат.
И јад несакав да почнам, ама ми рече немора одма оброк од 100гр да му воведиш само пробувањ вкусови еден месец, на пример јаболко 2 дена по 10-15гр и тоа половината нема да го голтне, после морков, после круша и така со ред. Е сега за овие три знам дека може да ги проба на 4 месеци, друго што можам да му дадам?
Ќе пробам и печен и варен..а со блендирањето нема да се направи леплив така ?? Или не е како обичниов компир?
Од кои бисквити грицкате Lo belo некако премногу се тврди за да ги грицка сам,предложете некои за ужина ???
Јас имам дадено и хип, ло бело се подобри според мене зошто се тврди ама се топат во уста полесно. а хип и тврди и лоша текстура
Не е,како тиква е повеќе.Кога вариш,вода само да го покрие,а кога ке блендираш без вода,таман структура ке има.За подоцна 6+ во комбинација со брокула е одличен.
За прво пробување само палента доволно е @RAK91 во водата ставам малце маслиново масло, кога ќе зоврие намалувам температурата и постепено додавам палента и во исто време мешам
Пробајте ги Лино,многу се вкусни,се топат,и мали сами да ги јадат 5 мали чашки за ракија вода 1 иста таква чашка палента
Не дадов сама измешав со жолчка или јогурт ,немаше реакција никаква, само палента не верувам да јади ,мораш да измешаш со нешто што има веќе пробано..
Мајки, ве молам за помош, седум месеци е бебето. Направив грешка, почнав со овошје и овошни каши, сега зеленчук не сака воопшто. А веќе треба и мевце да му воведам. Друго прашање, кога воведовте јогурт /кисело млеко, леб, путер, жолчка и на кој начин? Дали сеуште го варите овошјето?
Не е до тоа. Јас почнав со овошје, па не го сакаше ич. Маскирај со поблаги работи- батат, тиква на пример.