Ќе пробам утре комоир за денес имаме втор ден праска ќе му давам кај 13ч. Вчера ја воведовме па денес покасно си велам можи да давам? Не стасав од сабајле излезени бевме нема гајле дека е на ручек?? И друго досега имам даено круша,јаболко,праска планирам уште слива,сладок компир и компир..тиквичка и морков имам даено по еднаш онака само од радозналост да ги сметам за воведени или да давам пак по 3 дена? Што друго можам сега на 5+ ? Или да мешам од овие до 6 па после да воведувам нови?
Здраво, јас сега ќе сум почесто тука со нови прашања немојте да ми замерувате Денес сакав да почнам со пробување на јаболко, ама синоќа беше кај нас една пријателка од странство и кога е кажав рече немој да му даваш домашно, првиов месец купувајму кашички за 4 месеци? Некој да не знае зошто ми рече така? И дали е подобро да му купам? Или сепак да почекам уште 1 месец? Секое мислење многу би ми значело. Ви благодарам
Јас почнав на 4 месеци и првиот месец само купечки давав.. Сепак ми се некако прилагодени за бебиња а овдешниот зеленчук и овошје се многу прскани и третирани.
Нема врска што е на ручек,и јас тој период давам од сам старт. Мешај си слободно,но не повеќе од 3 вида одеднаш.Можеш и пашканат да воведеш до 6,има сладникав вкус,мојава го бендиса. Почетниве вкусови не важат за алергени,многу морков само знае да даде портокалова нијанса.. Понатака биди внимателна со домат,јајце,риба,кравјо млеко,ореви и кикирики.
Дај му слободно,ем и ко комбинација се одлични. За бананата да знаеш дека ке има како црни конци во каките,да не се извадиш од памет.
Можеш да почекаш, сепак на 4 месеци бебе не може ни да седи само, камо ли да јаде. А за кашички, купечките според мене се попрактични зашто на почеток многу малку јадат, за две три лажички не се исплати да правиш секој ден, а купечките стојат барем ден два во фрижидер. И како што кажа членката горе, почисти се, контролирано производство итн.
Сакам да дадам палента со кисело млеко. Треба прво да ја направам со вода па после да мешам со кисело млеко или како? Немам правено палента до сега и затоа не знам..
Можеш и кога ке се излади палентата. Да знаеш дека ке се направи како пудинг кога ке се излади, ама измешај ја, добра си е.
Мислам дека 4 месеци е премногу рано за почнување. Ако бебе напредува како што треба до 5ипол месеци можеш да почнеш од тогаш. Јас почнав од точно 6 месеци со зеленчук, домашни кашички му правам сеуште. Ако не најдеш органско можеш и со купечки зошто да не.
Прерано е на 4 месеци. Не знам зошто брзање, на бебе до 5 и пол - 6 месеци не му е потребно апсолутно ништо освен млеко. Не треба да се форсира организмот пред време
6 месеци и 6 дена. Ништо не јадеме, само што и доближам лажиче затвара уста и за жива глава не ја отвара. Значи не е дека пример не и се допаѓа па не сака, она не се труди ни да проба, пробав и со прст,ќе лижне од прстот и плука. Педијатар ми рече да и дадам време, никако на сила оти ќе имам спротивен ефект после. А за цицка отвара уста уште оддалеку, само што дигнам блузата отвара уста. Е ајде де, мајмунче, речи после не разбирале, аха се знаат, итрици се тие Само јадењево ме кочи, не знам дали е во ред толку касно да почне да јаде, она гледам и до прво одделение ќе цицавска ако продолжи