Да пробаш со оние мрежичките за овошје, не знам само во Грција каде да ги бараш, како цуцла и во неа ставаш парче овошје и како ја глода си јаде плус. Ќе пробам да најдам слика.
Имам, пред 1 месец го купив, да ти кажам искрено не ми ни текна, аууу тоа ќе и дадам денес, фала ти што ме потсети
Нее, јас пилешко како за нас воопшто не му давам. Домашно петле или од холе земам тегличка. Пред година не планирам. Додуша, јас џигер никаков не јадам па не верувам дека на бебево ќе му давам и до поголемо. Чисто месо само нека јаде
Еј заборавив тогаш да ти одговорам. Milasan се викаат, другарот за децата такви земал, па такви ми носеше. Инаку и хип и холе се убави, бејбилав сега скоро му дадов. Мене лично ми е битно да имаат онаква ознака дека се органски, а сите што ти ги набројав имаат. Не му давам стрикно од еден тип. А му правам и овошје со житарици или бисквити сабајле, за јадење не е проблематичен, малце мора лажење ама сѐ јаде, немам мака. Едит миласан се од алди мислам. 80 центи една кашичка, и поевтини се
Пробај можеби ќе сака сама, ако има запчиња може коцкички ситни да и оставиш пред неа па сама да си зима.
А во кои маркети ги има? Искрено, никогаш не сум ги видела, до душа не ме ни интересирале бебешки ствари Ама хип секаде ги гледам.
Холе ги има во зегин само..јас зедов такви има повеќе вкусови од само едно овошје или зеленчук..зедов и хип ама во нив гледам и ориз има
Туку вода кога давате..кога да нудам Тој додуша и сам почна да плачи му давам млеко не сака цуцла не кашичка не а вода со сласт.. По колку да давам?
Само упорност, секој ден нуди пополека не на сила нека лиже...кај мене исто нејкеше па пројаде на 6ипол месеци
Грозје кога дадовте прв пат, читам на интернет да се избегнува додека не потпорасни ,ама пак да си прашам..
Ако ти е за утеха 7++ сме од 4ипол месеци почнавме со пробување вкусови сега веќе имаме два оброка ама џабе устата ја затвара плаче а за цицка одма во било кое време
Мајки знам дека не смее мед пред 2 години да се дава, а може ли да го ставам еве во колачиња на пример (за во тесто зборам) па така да го јаде?
Јас му дадов неколку зрна лупени и сецкани на 7. Педијатар ни дозволи. Да прашам кога почнавте сурово да давате? Во бебе готвач гледам од 7м веќе има рецепти со сурово јаболко.
На 9 дадов, убаво измиено и исечено надолжно на четвртинки. На 7, цреши, вишни кога дадов почнав одма свежи. И одма после тоа почнав и другото овошје свежо да го давам. Сливи, кајсии, праски сецкани на ситно, јаболко рендано
Нема заби сеуште, пробав 2-3 пати и ставив во хранилка на послужавникот ама повеќе ги гмечи со рацете и ги фрла после, пробува прво и става во уста ама го плука, не и се допаѓа ништо изгледа, научена до сега само на млеко и нормално е,знам. Ај со тек на време белки ќе посака еден ден и да лапне нешто, нели викат глад не се трпи, за сега сеуште ја држи моето млеко ваљда, па затоа вака ми прави
Пробав и со мрежичката и ставив крушка, прво чудно и интересно и беше, одма го доближи до уста, го проба и се намршти и после као се гади кога го доближуваше.....пффф којзнае што ќе се прави со ова дете