Давај секој ден еден ден ќе почне.Кај нас едното близначе после 2 недели се реши да пробува а до оброк ни требаше уште месец дена.
Женски имам едно прашање незнам во дилема ме стави женичката,вика после 4 месеци му давав гриз со млеко навечер за да ми спие подолго го држеше сит? Како се прави тоа ?Има ли некој искуство со ова?
Јас му давам и сега по 30-50мл ама незнам дали да е после кашичка..т.с после тие неколку лажички..Му купив од чашите со клунчиња за 4+ ама незнае да пие..ако не влечи не течи само а тој незнај да цицни широко му е и се чуди Па сега пие или со цуцла или од чаша
Значи било да е на цел оброк, 3-4 лажичиња или пола лажиче, вода се дава на крај, можеш и измеѓу додека го храниш, ама не пред
На 4 месеци за повеќето бебиња е рано да се почне со пробување вкусови, а не да се даде оброк, па уште вечера со гриз кој содржи глутен. Секој си одлучува за своето бебе, но ова не е добар совет.
Мајки сладок компир сакам да давам денес е сега, цел ми е многу да го спремам, го излупив го иссеков на коцки дел го сварив а другиов да го замрзнам до утре или можи во обичен фрижидер да стои така излупен?
Изблендирај го цел,подели пола за утре,складирај го убаво затворено во фрижидер и утре еден час пред да дадеш извади го на собна темп Извини,мислев цел си го сварила.Стави го слободно во фрижидер,покриј го пресечениот дел со најлон фолија.
Сметам дека не е во ред, бебенцето е многу мало, а и сигурна сум дека ниту еден педијатар не би ти дозволил такво нешто да даваш
Е се зафркнав се исклучив и не видов дека си ми пишала..пола го сварив го изблендирав и дека прв ден денес само неколку лажички дадов а и не се воодушеви не сакаше..тоа што ми остана мислев неможи да стои до утре па си го изедов јас А останатиот го ставив во замрзнувач сечен на коцки...јебига Овај замрзнатиов утре дирек го варам или го оставам да одмрзни ?
Нека му се множат. Значи со синко мој не се цел месец разлика. Синко на 01.10. наполни 4 месеци. Не се глупости. И јас сега читам и се спремам 5 месеци кога ќе направи да почнеме со вкусови.
И јас редовно си дојадувам,мора да се искористат витамините Замрзнат зеленчук во принцип одма се спрема,така да вари директно.