Фала ти да е здраво и живо и твоето Јас почнав 10-на дена пред 5 мес. Досега имам даено круша,јаболко,слива, и батат денес Хахах па и ние да искористиме нешто Сега ќе знам а за утре имам одделено неколку коцки тие ќе ги ручка... А со што можи да се комбинира батат да знам за понатаму?
@babyboy1 со се,а најфино маскира брокула.Јас така дадов првпат од неа. Имам книга со рецепти за бебешки кашички,има супер идеи за комбинации,само е на германски,а во Мк нешто подоцна се воведуваат одредени намирници.Ако сакате ке пишам некој рецепт понатака.Потсети ме кога ке завршите со пробување вкусови
@dunika ќе те потсетам да знаеш А дали имате комбинации за некои кашички што се спремаат со Ад за вечера ? За другарка прашувам(ова ко заебанција дојде ама така е )
Ако знае некој да ми каже вода со лимон,зелен чај и цимет секој ден да се конзумира во мали количини а дојам. Бебе уште малку 4 м ,дали ќе смета?
Имала отворено Ад млеко и сака да го искористи бебето и е на доење поточно 1 година ќе направи не е бебе веќе
Со зелениот чај биди внимателна,содржи кофеин.Пиј си,но нека ти замени кафе на пример. Вода со лимон словодно пиј.
Никако ни во колачиња. Така имам читано дека ниту во чиста форма, ниту подготвен во јадења не се дава мед. Почекај до 2 и кусур за сигурно.
Не знам кај читав дека мед не се дава не заради алергии туку заради некоја потенцијална бактерија што многу често се содржи во него.
Бактеријата Clostridum botulinum ја предизвикува болеста. Оваа бактерија ја има во повеќе производи: спанаќ, зелен грав, цвекло, печурки, некои риби, шунка, колбаси и на високи температури изумира, ама е смртоносна од тоа што читнав на нет. А бе од млеко поубо немат!
На 6 и пол му дадов. Зедов мала тиква и делче пресеков излупив измив и на тркалца да се вари. Омекна па му ја изблендирав со вода малку. Само тиква му дадов. А тиквичка исто делче од неа изварив и со морков и компир комбинирав. А да ве прашам, жолчка со што се комбинира? Ми предложи матичната да му дадам сега за подобрување на хемоглобинот, ама ќе почекам малку.
Дадов на 6 месеци тиква од кашичките од Хипп. Тиквица му дадов заедно со морков, готвено на пареа и блендирано. Исто на 6