Да @0ли Почнав со морков,на ручек (11-12Ч),па постепено додавав и други зеленчуци.Некој имаше ставено слика со табела на редослед на воведување оброци,баш така и се водам. Секако,не е грешка ни да почнеш со овошје за доручек,бидејќи нема пишано правило,разликите се културолошки. Кога ке почнеш,важно е само да не е преуморно бебе,и да не е тогаш станато,некоја средина.Можеш да дадеш малце млеко па да продолжиш со кашичка,или па млекото да дојде на крај. Првиот ден ке касне само лажичка две,остатокот слободно складирај го во фрижидер за утредента,само извади го пола саат пред јадење да не е ептен ладно. Имав купено две три готови кашички,и приметив дека не ги сака,прави скиселени фаци кога голта,а од домашните нема гајле,со сласт ги јаде.До сега сладок компир и тиква се апсолутни фаворити.
Нас педијатарот не советуваше прво зеленчук потоа овошје,од причина што овошјето е благо и ако го даваш повеќе нема да јаде зеленчук бидејќи тој е без вкус на почеток а потоа се зачинува по малку.
Ми рече да ја мешам храната со ад бидејќи пие и ад, па храната кога ќе ја изеде, да му дадам да го допие млекото. Утредента малку повеќе, па така да стигнам до 120 гр како оброк и на тој начин да се тргне шишето, млекото да оди во кашите. Муабетот беше дека тој вкус му е познат и дека полесно ќе ги прифати намирниците. Да, знам дека така некои препорачуваат, баш и на докторката и' спомнав за ова кога ми рече со овошје да почнам, таа рече дека немало врска тоа И затоа сега се двоумам со што да почнам
Извинете што ќе се вмешам, ако може табелата да ја постираш би ми било од помош или некој ако има таква табела да постира за новите неискусни мајки да не лутаме :/
Јас почнав со зеленчук послушав се како што ми кажуваа,и по малку овошје. Но не тестирав како што викаа еден зеленчук 3 дена.Нов зеленчук ставав во помала количина на веќе пробан зеленчук и така малку по малку правев крем супи/кашички од повеќе зеленчуци. Да не се подречам дете денес ми јаде се,во одлични количини. И учете ги да јадат само во хранилка.Не во количка,релаксатор или пред тв. Моето има 2 години кога ќе му кажам дека јадеме само доаѓа пред хранилка и чека да го седнам да јаде.
Да, да, нема шанси пред телевизор, со таблет или што и да е. Ќе купам деновиве хранилка и првото пробување храна ќе му биде во неа.
Ме интересира, сите пишувате дека ќе зимате апарати за готвење на пареа и блендирање. Јас го гледав филипс авент за бебиња што е. Ама се мислам, дома имам мултипрактик и имам цептер за готвење на пареа. Дали навистина е потребно да земам таков апарат? Зарем не може во мојот блендер да му блендирам? Зошто после 1 година секако веќе јадат парчиња, можеби и порано и некако не се исплати си мислам..
Мислам немаш потреба од дополнително само за него да купуваш..малку и претеруваме ние сега да имам ова да имам она и на крај само џабе расфрламе пари..јас зедов готвач на пареа оти ми требаше и за нас а и имав поени од сетек за користење па не го ни платив..за него купив само мало посебно тенџере а и на пареа му правам кашички зависи како имам време... ЕДИТ:За блендирање јас го користам рачниот блендер што го имам и онака за друго не сум го употребила а за понатаму за поголеми количини ќе го кориатам нутрибулетот или пак рачниов посебно не купив
Нема правила, ке видиш и понатаму дека сегашниве грижи се непотребни. Ако е јадач ке си јаде се. Ако не, ти и на трепки да стоиш ке те заебава. Според она што го читав, не дека е грешка да се меша млеко со цврста храна, ама воведување вкус е баш за да детето осознае дека има и друг вкус освен млекото. Почесто се препорачува чист вкус за да се навикне дека покрај млеко постои и друга храна со текстура. Затоа се почнува со неколку лажички. се смеам ама ми се плаче. Истово го велев и јас. И стојам до тоа, на синко не му давам да гледа тв и мобилен, освен кога се вози во кола на подолга релација, а тоа е навистина ретко. Друг ми беше муабетот. Синко не јаде кога му излегуваат заби. Значи дете од 1 година цицаше месец и пол без да стави ништо во уста. Пробував секакви методи, од мобилен до изигрување кловн, ама не и не. И кога јаде, пак не заебава, па јас го хранам а друг го анимира со играчки и глупости од дома. Во хранилка последен пат седеше на 11 месеци, пред да прооди. Ти посакувам бебе јадач, ама не вели нема шанси затоа што едно е замисла, друго е реализација. Јас готвам во најобично тенџере. Кога готвиш за бебе ке ти треба и водата во која се варат состојките за густина. Е тек кога ке воведеш месо, ке ти треба водата во која се варело месото. Така да блендер рачен или нутри булет ти се доволни.
Доволно е само блендер и тоа е тоа, имам посебно само за него тенџерче и ѓезвенце Нутри булет мене не ми врши работа бидејќи на мала количина остава парчиња
Тоа е лошата страна, ама ако имаш нутри булет, нема потреба да купуваш блендер. Ама 1 морков јаболко круша банана, ги 'фаќа' и ги блендира. Помалку од тоа јас не правам.
Палента направив, проба, му се допадна! Ај кажете количински колку просо, колку вода ставате? Сакам да ставам вечерва за да спремам за утре просото е лупено
Јас мислам дека се е како што ќе му направи родителот ред на детето. Моето да јаде се ама надвор од хранилка не отвара уста, јаде само кога си е во хранилката. И моето послабо јаде кога вадеше заби што е нормално ,ама после тоа повторно си продолжуваше со стариот ред на исхрана. Јас бев упорна сите оброци и ужинки му беа во хранилка од полни 6 месеци до денес. И по раат сум ,упормноста ми се исплати.Бебе најадено за 30мин.максимум а и цела куќа ми е без трошки и храна насекаде.
Јас имам готвач на пареа за нас па сега му готвам и на него во тој. Купив нови чашки само за нутри булет, се продаваат две и ножеви нови па една за овошје, една за зеленчук користам, а исто и нашиот блендер го користам. Можеш со ново тенџерче да завршиш работа само.
Пробав ама не функционираше. Ред запазував, немаше отстапки ниту еднаш. Упорна бев ама синко поупорен. Спремен е да седи гладен, пробано е и така. На крај си легнав на брашното и играм како ке свири тој. И за спиење исто. Спие кога сака тој. Ако му се спие не можам да го држам буден, црка, плаче. Ако не му се спие не заспива и крај. Ритуал со бањање, тишина, мир, гости не, памук, температура идеална, не и не. Табиетот му е таков, се помирив со тоа. Еве сега на 14 месеци има совршен ред, заспива во период од 8 до 9, спие до 7 8. Една дремка од 12 1 до 2 3. Излегов од темата, само сакав да доловам дека сите тие правила не секогаш функционираат. Заборавив да кажам дека синко преферира зеленчук и месо. Овошје јаде онака, без сласт. Оставете децата сами да го диктираат темпото. Ако не сака јаболко, не сака, оставете го да покаже карактер. Не велам да ги храните децата со мобилен, ама во ред е и да излезете од тие правила без да имате грижа на совест.
Да речам уште е мал,дај му уште малку време би требало да смени. Прави му ги омилените јадења и така полека седнете во хранилка лажичка по лажичка. Цртај ,бои давај нови предмети на хранилката за да му е интересно во неа па и да почне да јаде. За спиењето ќе смени. Моето сега секоја вечер заспива во 22ч.Спие до наутро со 9ч. Сеуште се буди во 5ч.сабајле за млеко .На пладне заспива најкасно 13и30ч до кај 17ч.најкасно.Вака со овој ред последниве неколку месеци од кога прооди,се уморува па повеќе спие
Готвач на пареа секако немам, па затоа сакам да земам. Блендер ќе земам помал и со поголема моќност, не сакам да го користам блендерот што за нас сум го користела. Не мора да се купува ако не сакаш, секој си одбира како што му одговара. Ниту ти ќе згрешиш ниту јас Не знам што да кажам, така ме советуваше. Комбинирано тераме, давам ад, но главно е цицањето и не е опција да не пие ад или да се намалува цицањето, а треба да се дава храна. Трите работи треба да се комбинираат и рече дека потоа полека ад ќе се исфрла. Ако не му мешам со ад, ќе треба цел ден да јаде за да изеде тоа што треба. Ајде предложи како да комбинирам. А велам дека нема шанси да го хранам со телефон или телевизор бидејќи нема да знае дека има таква опција, ќе се снаоѓам на други начини. И јас се надевам дека ќе биде јадач, чекај уште не сме ни почнале