На хип кашите може да се чуваат отворени во фрижидер 3 дена, на Холе 2 дена. Ја отвараш и вадиш 5-6 лажички, загреј ги и давај му да јаде. Останатото затвори го убаво и врати во фрижидер за утредента. Кога еднаш ќе се загрее не се враќа назад, па одново да се топли.
Тегличката е од 125 гр. Бебе изеде околу 50 гр., горе долу. Јас мислев две, три лажички и нема да сака. Сето тоа траеше околу 1 саат, бидејќи синко гугаше, се смееше, ги ставаше рачињата во уста. Исто и лажичката му беше интересна.
Јас сум против да се пробуваат вкусови пред 5+. Синко има 4 месеци и 7 дена. Денес бевме на педијатар и повторно ме праша дали почнавме со вкусови!? Реков не. Потоа си викам ајде ќе земам нека проба бебе. 100% бев сигурна дека нема да сака. Но, испадна спротивно. И сега се мислам дали да продолжи со пробување вкусови?
@0ли ти благодарам. Да, навистина убав ден. Види утре твоето бебе како ќе реагира, повторно на кашичката. Не му се гуга и смее на бебе секој ден. И тоа е ок. Треба само да бидеме трпеливи со нив, бидејќи за нив тоа е нешто ново.
Мајки вие што доите, дали кога почнавте со пробувањето вкусови да давате вода? Или пак само да прима преку цицање?
Јас му нудам вода ама не сака. Шише не сака да види плука и прави фаци на гадење, купив шише со клунче ама многу брзо му тече и му оди во врат, со лажиче исто ја плука, со шприц пие некои 3 мл Си бара цице после пробување кашичка.
Моето се одби и сега е на АД. Одлично напредува. Денес го мереше педијатар и синко има 7 кг. Му рече мало бумбарче. И јас сум за подоцна да се почне со вкусови.
Прво ќе си одделиш колку што планираш да даваш првиот ден а другото во фрижидер..види колку дена пишува дека може да стои оти не е кај сите исто има и еден ден а има и три дена
Охооо доста изел, не е многу тоа како за прв ден? Велат првпат по некоја лажичка да се дава, не колку што сака. Инаку, моево се мурти и за вода. Не дека плука и не сака, само прифаќа со доза на резерва и со свиени веѓи како налутен. По колку давате вода?
Каква чаша со клунче зеде..јас зедов од Томи 4+ама не тече сама ако не повлечи а незнае како мисли како цуцлата е па ко ќе ја затвори устата има чудна фаца "што е ова сега олку широко" @0ли јас нудам 60мл вода во текот на денот ама никогаш не ги испил..
Можеш просо уште од првиот месец кога почнуваш со цврста храна. Не содржи глутен и е лесно сварливо. Доста помага и за регулирање на столицата. Колку месеци направи твоето Јана?
5 месеци направи пред 3 дена. Мислев дека е рано за просо, а сакам некако да му го качам хемоглобинот превентивно. Не му е низок ама во рок од 10 дена правевме две крвни слики, на првата беше 130, втората 120. Некако брзо му паѓа и килажа споро качува. Твоето колку е? Кога му даде просо? @babyboy1 Од аптека земав на baby nova. Има и цуцла со шишето и клунче.
Мислам дека од 5+ месеци можеш но сепак консултирај се со педијатар за зелено светло, мислам дека нема да ти прави проблем не е некоја тешка храна, плус за хемоглобинот е супер знам мајки даваат просо меѓу првите намирници. ние сме 6++ месеци. Јас купив но уште не и го имам приготвено просото, бидејќи безглутенски ориз со зеленчук давав да јаде деновиве, па наредно просо планирам да дадам.
Мене некни на вакцина др ми рече понизок е хемоглобинот бидејќи било само на доење. Понатаму со цврстата храна ќе се регулирало. На малиов му беше 105 од реф.115-173 ,па гледам споредено со твоето му е понизок...
Синко толку сакаше, толку изеде. Јас мислев дека нема да сака воопшто. Вода одамна не му дадов. Но, кога ќе почне редовно со вкусови и вода обавезно ќе му давам. А, колку ќе испие ќе видам? Ќе гледам со ништо да не претерува.