Женски, некоја нека напише точна мерка на 1 лажица интегрален ориз колку вода? И како да излезе по кашасто
Мене педијатарот ми рече кога ќе почнам со вкусови пробување да почнам и тогаш со вода така и постапив
Здраво мајки, бебе за 10 дена полни 5 месеци, докторката денес ми кажа да почнам со сок од јаболко, но во аптеката ми викат подобро кашичка отколку да го дувам со сокови.. Може ваши искуства?
Така ти кажала колку да проба нов вкус да не е веднаш дадено кашесто...така и мене ми кажаа и ваљда затоа е...
Убаво ти кажале во аптека..воведување на цврста храна е за да научи дека постои и друга храна освен млеко, други вкусови и текстури зошто да го дуеш со сокчиња ништо нема убаво со тоа
Околу година, прашував педијатар пред некој ден. Убаво ти кажале во аптека. Ако се решиш да почнеш, земи си кашичка. Нема потреба со сок да го полни мешето
Ако веќе не сакаш да почнуваш со кашички, свари му дома парче јаболко и дај му од водичката 2-3 лажичиња. Секако на почеток повеќе нема ни да сака, само внимавај може да му направи потечна столица. Моево од јаболко многу убаво кака кога има запек. Јас почнав со оризова вода, му давав со шприц.
Здраво, од кој месец се дава мандарина и портокал? Знам дека ни е рано ама јас ги обожавам зато сакам да знам од кога се препорачува.
Мајки ве молам за совет! Утринава му направив просо. Киснеше 9 часа, па во сварена вода пожешка го ставив еден филџан просо со три вода. Се направи убаво, го измешав со банана пасирана ама не го јадеше. Што да правам што да чинам? Каде грешам? Навистина од просото имаше зрнциња и му се гадеше кога му застануваа на јазик, дури и поврати млекото што го цицаше. Како да му го давам? Како треба да е на вкус, да има тек тук зрнциња или ептен да е мазно? Да го пасирам и него? Е многу ми е енигма ова јадењево за бебиња. И башка сакам сам да почне да јаде.
За сам да јаде сограѓанке ќе почекаш малце Грешиш што си го дала така и не си го блендирала просото, тоа треба да има мазна текстура зошто сепак бебушите ни се многу мали и хранава за нив е ново искуство
Јас иако не сакав, по 3 неделно измачување со храна, блендирана, мојата ќерка не сака и не сака лажичка ниту блендирано. И така барав начин како да почнам со дохрана, 6 ипол месеци е, до ден денес не отвара уста. Читав, барав, проучував многу за blw методот и пробав еднаш, гледам тоа сака, сама, не сака да ја ранат И ставам парчиња овошје на дискор во хранилката и сама си бира и си зема, ги гмечи со раџе, ги оробува, ги плука, ама битно шмукне по нешто. Земам јас да и дадам ете парче банана пример, не сака, врти глава луѓе тоа е чудо некое. И ја оставам сама, така сака. Вчера и дадов лепче во рака, ја снимив, да видиш како го мљацка со жлебинките, ќе речеш ова дете како 10 години да има искуство со јадење, а прв пат во живот пробува леб и јаде сама. Тоа е. Не се сите деца исти. Ете изгледа ние вака ќе тераме, што знам, не оти сакав, ама самата ме води по тој начин на исхрана, паметни се.
Блендирај го обавезно, да стане мазно како каша. Бебе е, нема да јаде такви зрнца, премногу е тоа за нив. И мојава знае да исплука ако некогаш останало некое зрнце неблендирано