Јас вториот и третиот ден (мада сега почнав по 2 дена да воведувам, а третиот ден комбинирам со нешто друго како цел оброк) давам да јаде колку сака за да се навикнува полека на оброк ама секако не сака повеќе од 60-70гр. И тоа ако е батат ќе изеде 70гр, ако не едвај 30гр.
Не оли јас колку што читав авокадото е меѓу првите намирници..содржи јагленихидрати, масти и протеини важни за развојот на централниот нервен систем и мозокот..можи да се воведува од 4-6 месеци
Меѓу првите намирници го воведов и со првото, и со второто дете. Многу е хранливо, башка не бара варење и кога се блендира со други овошја/зеленчук дава многу кремаста текстура на кашата, ептен погодно за бебиња. Моите и двете многу го сакаат, бебка ги обожава кашите со авокадо
Знам дека е многу корисно и вкусно, го сакам и јас ептен, го има и во книгите како намирница меѓу првите, но педијатарот ми рече да не давам толку рано нешто што не е својствено за наше поднебје. Во таа смисла мислев, инаку знам дека е супер фуд
Скроз се согласувам за ова ама ако гледаме така ни банани не растат кај нас па пак меѓу првите се дава години нананзад Едит Ви се упикав во муабет, се извинувам Рано е за синко, здравје за месец ќе почнеме ама ве читам
Не бе, фино што ги спомна бананите, така е Какво упикување, си пишуваме и споделуваме, фино е да се прочитаат повеќе мислења.
Може ли слика/линк од книгата? Гледам дека на страната на ДМ има доста такви книги ама се мислев која да ја земам. Фала однапред
Јас купувам кашички за пробување од Холе, а тие може да бидат отворени 2 дена и најмногу затоа, инаку да одма ќе покаже алергија и баш првите намирници не се алергени.
Бананата не ни треба да се дава пред наполнети 6 месеци, ама сите од 4 месеци ја даваат. Не знам, банана и компир и со двајцата ми беше меѓу последните намирници што се даваат со 6 полни До 72 часа се можни алергиски реакции, има рани и задоцнети. Да, кај нутритивни алергии обично се рани, ама може да се јави и доцна реакција. Затоа се препорачува три дена.
Јас давам по два дена од почеток баш затоа што кашите од холе стојат по 2 дена...а и дома да спремам нешто воведувам 2 дена