Не знаев за бананата, му дадов еднаш ама не ја сакаше ич, ми плукна неколку пати и ја баталив. Дали да давам кромид, брокула, тиквица или да одам повеќе на овошје, 5 месеци и 1 недела е? Досега од зеленчук му имам дадено батат, морков и пашканат. И за просо ако знаеш да ми кажеш дали е рано или можам да му дадам, заради крвта ми е најмногу.
Јаболко, круша, тиква, тиквичка, морков, може ориз, може и просо. Праска и кајсија исто може, само свежи тешко дека ќе најдеш сега. Брокула и карфиол може, само знаат гасови да направат, следи ситуација, ако има проблем, да паузираш со нив.
Морков, компир, тиква, јаболко, круша, праска. Мене така ми кажа педијатар за синко. Но, бебе е 4 месеци и 10 дена и нема да му давам до 5 месеци. Пробав со кашички од јаболко. Бебе сака. Но, јас лично мислам дека е рано.
Мајки бебе 5 месеци и 1 недела досега имаме воведено јаболко,круша,морков,тиквичка,слива,кајсија,праска,пашканат,банана планирав и авокадо ама не го сакаше и само еднаш пробав и веќе не... Наредно што да биди? Да почнам со житарици? Ако да со кои? Или да мешам од овие до 6 месеци па тогаш да воведувам нови?
Ако сакаш купи го...јас ја симнав апликацијата и ги следам по социјалниве така да не ми се даваа пари за книга..и онака за брзо се фаќа ред па сама ќе си смислувам рецепти а и многу други апликации имам симнато така да ги има во изобилство
Авокадото дај му го во комбинација, со банана го сакаат обично. И јас од 5 почнав да му давам цврста храна, цел месец теравме само со вкусови и после мешанции до 6 месец. Тогаш почнав наутро овошје, попладне зеленчук, и од 7 со житарки. Палента, просо, ориз, овес, гриз, киноа.
Јас можи уште тиква да воведам деновиве и после ќе мешам до 6 од веќе воведените.. А ориз да сметам воведен му дадов кашичка од хип слива со оризов скроб или вода беше незнам точно..?
Никогаш не мерам општо се правам од око знам колку јади на оброк @SanelaS се препорачува после година јас дадов сега на 11м наеднаш не делев