Совет како се воведува жолчка? Прееска му дадов четвртина. А другите делови кога како? Инаку со палента мешав. И утре да му ја дадам?
Јас ја имам апликацијата, не не неопходен. Додека да почнеш добар е за идеи ама кога ке почнеш да готвиш секој ден, сама ке си измислуваш комбинации и ке гледаш која храна ја сака повеќе а која помалку. Јас почнав со осмина, два три дена, па пауза неколку дена, па четвртина неколку дена па пауза и потоа почнав по цела жолтка.
На полни 7 по препорака на педијатар и докторката на вакцинација. Може и јас требаше осмина, а не четвртина ама сега ќе почекам некој ден.
Мене што ми дадоа листа за воведување намирници кромид, лук, маслиново масло беше со направени 6 месеци.
Имам едни био овесни снегулки. Може да ги смелам во блендер,како брашно отприлика, и да додавам по малку во овошна кашичка,колку да се згусти и да биде похранливо? Ние сме 6м. и 3недели
Можеш да ги потопиш во вода и заедно со овошјето во блендер или нутрибулет.Мене педијатарот ме советуваше на почетокот да давам зрно дали овес дали рж или јачмен похранливо е а после 8 месеци може во други форми.
Јас мислам за денес е касно да проба за прв пат. Докторите викаат најкасно до 12ч да се проба нова намирница, заради алергиска реакција.
Најдов просо лупено и без глутен ама пишува може да содржи траги од јаткасти плодови и сусам. Безбедно ли е ова да го давам или постои некое друго без никакви траги од ништо?