Мислам дека мора така да пишува. На секоја декларација стои дека има траги. Јас не сум ни читала декларација на просото пример. Просо е само го гледам . Кај најде лупено, на која фирма?
Јас на 6 месеци досега воведов боранија,кромид, лук, карфиол а планирам и спанаќ, блитва, праз,маслиново масло.. Друго не ми текнува
Здраво, ние ќе почнеме средина на ноември со вкусови ама полека се спремам. Скоро од се најдов органско но, ме интересира кое маслиново масло го користите? Гледав еден клип на телма 0+ и вика дека маслиновото ако се чува во фрижидер ако е добро треба да кристализира. Пробав со тоа што ние го користиме ама не кристализираше, а не е купено ефтино И на бебе готвач гледам ким и анасон како зачини се воведуваат. Анасон немам користено до сега ама кимот нели е многу јак за мало бебе? Уште ја немам земено книгата само од апликацијата гледам... Исто сакав да ве прашам, пастеризирав вчера јаболка ама капачињата не ми се вдлабнаа... Дали тоа значи дека не е успешна пастеризацијата?
Не ти требаат додатоци за почеток, толку многу овошје и зеленчук има за пробување, па после ќе правиш комбинации нема ни да ти текне на ким и анасон. Ќе му ги воведеш покасно. Маслиново масло ми носи маж ми од Грција, директно од фабрика му го цедат во канта дури во него има остатоци од маслинки, ептен е квалитетно според мене. Ако оди некој натака да ти донесе можам да го прашам мм каде се наоѓа или ако оди мм скоро да го прашам ако може да ти донесе доколку сакаш.
Фала ти ама не би да ве малтретирам, ќе најдам некое добро и тука само се зачудив за ова нашево Ќе му земам од Дм
Ким а и анасон ги има во чајчињата против грчеви и се меѓу првите кои бебе ги пробува за тие што користеле.