Му давав со лажиче пие по 5-6 едвај, па со шприц (2.5мл) ќе испиеше два значи 5мл ама секако му тече од страните и повеќе во вратот му иде него што пие. Сега пробувам со клунче и пак исто. А читам тука по 50-60мл пиеле. Си мислам додека цица не би пиел вода, ептен е цицалче на 1.5-2 саати си цица
Мојов 9 месеци е уште не можеш да го натераш вода да пие саглам.. Не знам што прават цел ден, ама еве мајка ми ми вика дека сокче малку пие кога ме нема мене. А 3 оброци има и 1 или 2 ужинки. Кога цица толку често нормално е вода да не пие. Јас на пример сок не му давам, вода знае да пивне малку повеќе кога е жеден (еднаш во денот), после плука. Колку пие нека пие, ќе си пропие кога ќе му треба повеќе.
@Dianas кромидот и лукот ги варам заедно со јадењето и ги блендирам потоа. Ништо посебно не им правам.
Со што прво почнавте со дохрана и по колку? Од 4 ќе дохранувам, дајте совети се сум заборавила. Како се почнуваше, знам прво се пробува, но не памтам поточно колку количински.. Сакам со овошје да почнам.
Нуди му постојано шишенце со вода полека полека ќе научи. И мојот син додека се научи повеќе вода имаше на маичката него ли во уста ама сега веќе на 8м пие по 150мл а некогаш и повеќе.
Незнам каков шприц користиш,ама ако е од обичните не ти препорачувам лесно доаѓа до засркнување и давење.
Да не ти се мешам во штипки, ама зошто на 4? Знам голем е баткото, па веројатно веќе му фалат калории.
Од педијатар препорачано, докторка на вакцина и матичната негова. Ептен три се поклопија. Он е голем уште сега како за 5-6 месеци и има потреба ваљда. Ми пие многу ад. По 200, 210 мл во еден саат. Не е ич дебел али е долг, задњо беше 7кг и околу 65м. Рано е, тек на 22ри прави три, ама да си прашам со време јас.
Да ве прашам вчера сварив телешко мевце и 50грама замрзнав, дали денес да го дадам или да не ризикувам да го фрлам?
@Jana06 Марина ми рече со лажиче или со чаша да му давам вода. Со лажиче пробав, се гадеше, што велиш му истекува. Па ајде по една капка во лажичето за да не истекува, се трткав така за едвај 5 мл да испие. Па му зедов со клунче, врска нема и не сака. Со цуцла си реков ќе сака бидејќи пие млеко, но кога виде дека не е млеко, почна да ја гризе цуцлата и не сака да трга. И последно пробав со чаша, забавно и интересно му дојде и сега со чаша му давам. Зинува, голта, сака. Не дека не му истекува од уста повеќе отколку што пие, но барем не одбива и со смеење пие. Малку - малку, подобро од ич
Искрено, јас не би пред полни 5 месеци, без разлика колку е крупно бебето. И мојава помалава беше големо бебе, на 4 и пол месеци имаше 8 кила, ме советуваа на 5 да почнам. Си постојат ризици и желудникот да е неразвиен па и да се одбегне моментот со понатамошни алергии во животот.