Јас со првото сум давала. @Kitten не знам дали е ок ама мојов на 22ри ќе прави 3 месеци а е 7 кг. Па ќе речам голем е, јас Константин ми беше нормално бебе, помало па на 4 почнав со дохрана. Не сум имала проблеми со него... Ама па секое бебе е различно. Ќе видам на контрола утре баш што ќе кажат...
Moze.. I moeto e za 1 nedela 5 meseci i pred nekoe vreme mu davam jabolko i avokado ili avokado i krusa.
Проблемите мила нема сега да се покажат. Ќе се манифестираат можеби покасно во животот, не дај боже, нели. Јас на свој ризик почнав сокчиња да давам на 4 месеци бидејќи имавме огромен проблем со какањето, на 5 почнав дохрана. И многу ми е криво за сокчињата но бебево имаше мака. Имам читано многу научни статии дека и до 6 месеци да не се почне со дохрана без разлика колку напредува или не напредува бебето е сосема исправно, бидејќи му се дава шанса на ГИТ да се доразвие па подоцна во животот нема да има проблеми.
Ете ја не давав сокчиња па да видиш запек кога го фати од 2 до 3 години на душман не посакувам тоа што поминав... Како ќе кажат на доктор така ќе тераме. Ако рече утре нашава докторка рано е ќе чекам.
Моево не пие ни сок, ни вода од шише, само чај сака од шише ништо друго. Водичка давам од чаша така му е интересно пола плука, нешто пие, па си брмчи..колку толку нешто ќе испие
Јас почнав од 4ипол, немора точно од 4 да почнеш. Дадов јаболка, банана(иако прочитав отпосле дека не требало), круша, морков, брокула, тиквица, тиква, тоа мислам најпрво дадов. Пробуваше по 4 5 лажички 2 дена, потоа од тоа што пробал давав по мала тегличка 75гр мислам. Потоа иста постапка со следно, па мешав од тоа што веќе пробал. Повеќе ми го јаде зеленчукот, иако почнав со јаболка. Со ова рано почнав, здравје со друго кога ќе имам покасно би почнала, сега сфатив дека нема потреба од брзање
Има вака зрна од хељда, има снегулки од хељда, ова во веро. Има и од хип buckwheat е хељда инстант каша.
Да да брчи и плука хахаха ама нешто и ќе голтне на почетокот. Кога почнува да прави така му го тргам шишето, летото жива вода го оставав да се прави, ама сега нема
И ние почнавме вкусови,до сега тиквичка,тиква,компир па се мислев дали наредно ориз ? Од кој мислиш,оние на хип?
Можеш ама заедно со течноста бујонот и да се олади па да се замрзне и се одмрзнува да стои во топла вода тегличката.Јас секогаш свежо варено така ми препорача педијатарот.Давав еден ден месо еден ден јајце.
До 5 м се вкусови оброк не.Од 6м се комбинираат 2 намирници махимум до 3.А после 9м може и повеќе ,барем од литература што сум читала и консултации со педијатар и нутриционист за мали деца.
Имаа кутии на хипп и холе според месеци.На почњток меѓу првите се и гриз пченкарен и палента и ориз.Внимавај со оризот прво дади инстан од кутии па после обичниот.