Од кога почнавте со цвекло? Јас дадов денеска прв пат на скоро 7ипол месеца, а почнавме со дохрана на 5ипол.
@sweet-17 Цвекло на 9,5 месеци дадов. Да си ја пробам среќата, прашував неколку прашања, немав одговор. На апликацијата пишува јачмен и јачменови снегулки ; пченица и пченични снегулки. Посебно дававте јачмрн за проба 3 дена и посебно јачменови снегулки или доволно е едно?
Па јас обично и давам два пати во денот. И отприлика оброкот и е толку т.е една тегличка мала некогаш може помалку но ќе помине половина час па пак ќе и понудам и ќе ја изеде. Но после јадење не бара да цица, продолжува да си игра дури отпосле некое време. Вода и ние никако не пиеме, ќе влече со цуцето и мислиш голтнала а таа низ вратот ја враќа. Вториот оброк откако почна една цела да јаде тогаш пробував пак попладне да давам и ете јаде кога како.
Што може да се воведува на 7 полни месеци? Според табела, има пиперка црвена и зелена, блитва спанаќ, гриз, праз, лук. Јас досега ништо од ова му немам дадено. Млечни кога се даваат? Ехее јас ич не му ја брзам, како сум лаганица... П.с. и за појадок немам многу намирници да комбинирам. Што може друго освен палетна просо и од овошјето јаболко круша и банана?
За 5 дена полниме 5месеци. Се припремам за некој ден ќе почнеме со вкусови. Па сакам да прашам со што почнавте прво.Дали прво да почнеме со овошни или со зеленчукови кашички? Тиква,морков или јаболко тие знам дека се меѓу првите,а дали има и друго што се дава на почетокот?
Јас давав наеднаш 5 житарки на хип што е инстант. Доктор ми кажа, ако јави алергија, после ќе исклучуваме од што е, ако не дај боже има реакција. Немаше никаква.
Почни со некој убав вкус што ќе го прифати, битно е да се запознае со храната, да сфати дека треба да јаде и нешто друго покрај млеко. Не ги дели намирниците овошје, зеленчук туку храна што отежнува и олеснува какање. Лошо е да даваш 3 дена компир, па 3 дена морков може детето да не се искака 6 дена. Почни со морков пример, па јаболка, па тиква, круша, пашканат итн. Ќе си го следиш детето што сака, што не сака, тоа што не го сака ќе го комбинираш со нешто што обожава. Ориз јас дадов прво и многу го сака, морков не сака да види. Многу е важно да е се убаво изблендано и мазно, прави ги потечни на почеток и после згуснувај. Моето не сака ниедно мало парченце, зрнце ориз да не се избленда убаво одма го плука, исто ако е топла кашата не ја јаде, мора да е изладена. Следи го детето.
Јас пак, дека на ќерка ми давав се посебно за проба, сега така терам и со син ми. А ете вака не сум знаела дека може. Денес дадов јачменови снегулки. А дали знаете каде можам да најдам пченични снегулки ? Мм барал, немало ни во Тинекс, ДМ ни Веро. Или да земам обична пченица и да сварам. Таа се потопува во вода ноќта пред варење?
Млечни дадов првпат на 8 месеци. А од овие погоре наведените дадов на 7м, освен праз немам воведено. Овошје - кајсија, слива, праска, јас и цреша и вишна воведов.
Жолчката ја ставам во ручекот најчесто или ако имаш дадено и белка , јас ги гмечам убаво заедно и ги давам со маслиново масло и малку лимон