@malecko5 на Холе со телешко е многу вкусна кашичката.Пробај со неа. За ова со намирниците... Читав овде дека се однесува на текстура,а не на месец,но,има и кашички 6+ па и 8+,што се иста текстура.Друго,Хип и Холе се Германски брендови.Македонија и Германија имаат доста различни препораки и насоки во однос на воведување на храна кај бебиња. Овде веќе 3тата недела со воведување дохрана,се додава месо и компир,затоа има такви кашички. Исто и глутен,се смета дека пораното внесување всушност може да превенира појава на целијаклија подоцна.Кромид и лук се од 8+,а во Мк читам се даваат од 6+.
Мајки дали може да се даде на бебе од 8 месеци кисело млеко, јогурт и урда направени од домашно кравјо млеко?
Женски ај пак прашање претходен пат не добив одговор,колку грама ви беше првиот оброк кога го воведовте?
Ќе го свариш исто како другиот зеленчук, за почеток не го комбинирај има поблаг вкус мојот многу го сака. После можеш со компир, морков, ориз.
zatoa sto nekade sme blisku teritorjalno sto e so jagodata kaj nas najcesto po 12 mesec a ovde e mnogu porano.Koe e tvoeto mislenje
Повеќето микс овошни кашички содржат јагода во ептен мали количини.Истата е сварена,а со термичката обработка се уништени речи си сите алергени,па бебињата добро ги поднесуваат.12+ се однесува за свежа јагода. Ова го читав на сајтовите на самите производители,и мене ме интересираше. Јас имам дадено од кесичките Хип.
Од 150-200гр кога ќе изеде бебе се смета за оброк што може да замени подој, значи да не нудиш да цица барем 2часа после јадењето, барем овде е така.
Охооо, јас мислев до 100гр е оброк и дека веќе сме вовеле Моево толку максимум сака да јаде и тоа ако му е нешто вкусно.
Си му дала готова кашичка со јагода? Мене ми е страв, мислев не се дава, а ми дадоа едни за шмукање кашички со јагода, им се токмев да ги кркнам јас
Добри сте вие со 100 грама..ние од 70 не мрднавме оти му здосадува да седи па се крева, се исправа и толку завршено е јадењето..Да го преместам надвор и да продолжам да давам ќе јади и 200 грама ама не сакам да го навикнам оти зимава каде на снег треба да се раниме
Па добро вие сега почнавте со пробување, нели месец од почнување со вкусови се воведува оброк, имаат време да се навикнат, нема потреба од форсирање, па и тоа е доволно за почеток.
Да да,тие за шмукање,и маж ми ги тамани За тие читав на сајтот на Хипп,дека јагодата е варена и не штети.