Домашно приготвена кашичка колку има рок на траење. Да речеме варам киноа и додавам овошје. Во фрижидер може да ја чувам
Мајки каков пудинг давате и од кога почнавте? Дали може некогаш да се даде за вечера само пудинг или сепак за ужинка? Дали ако дадам пример од чоколадо или ванила потребно е претходно да сум вовела какао или ванила?
Пудингот е десерт и не треба да замени оброк. Какаото е алерген,јас воведив на 9 месеци,треба да се внимава со него. Десерт дадов после година.
Јас редовно ве читам и само ми се вртат некои прашања низ глава Како што сфатив, се дава прво лажичка две од една намирница да проба. Утредента може 4-5 лажичиња, третиот ден повеќе... за три дена без имање реакција се смета воведена намирница. Потоа се дава наредна на истиот начин, сама. Па се мешаат тие две. Ова оди вака додека се воведат сите нешта предвидени за тој месец? Како што спомна и @dunika и на моиве листи набрзо стои мешавина зеленчук со месо, па и затоа кашичкиве што ги гледав пред некој ден во маркет се согласно возраста... Вие кога почнавте со месо? Друго, нели се варат овошките и зеленчукот. Ама ете во 5ти месец стои краставица, неа како ја дадовте? А, може ли нова намирница, наместо сама да се воведува 3 дена, да се измеша со некоја веќе воведена? И последно, мерите количина на секој оброк на кујнска вага ? Ај ве отепав со прашања, ако има некоја желба нека одговори
Да така се почнува и се прави со секоја нова намирница. Јас месо(телешко и пилешко) дадов пред 7 месеци по совет на педијатар исто и жолчка тогаш воведов. Јас зеленчукот го варам секогаш, а овошјето по потреба зависи од кашата и намирницата. Инаку за краставицата не сум знаела дека може да се воведе, син ми има 7 месеци уште не сум дала. Може да дадам? Би ја дала само средината мекото тоа, другиот дел не. Јас никогаш не сум мерела, кога правам ставам на пр 1 јаболко, пола банана и 3 бисквити. Зеленчукот на пр 1 морков, поголемо парче брокула, 1компир, 1 пиперка,1лаж. Ориз итн. Мешам по неколку што мислам дека би било доволно. Да, може нова намирница да мешаш со веќе воведени, ако има реакција ќе знаеш од што е.
@WonderGuurl се се вари,освен банана,авокадо,манго.. Јас додавав и нова намирница на веќе пробаните,не секогаш тестирав,и давав колку што сака. Вага не користам,имам садчиња со означена грамажа на нив,но од прилика 100тина грама јаде. Или пола банана гмечам со 1/4 авокадо,без да мерам,сметам дека е доволно.Плус,бебињата мислам и дека имаат осет,ако запечати уста нема шанси да бутнеш лажичка. Со сила не давам ништо,и не форсирам,лично ме успокојува фактот дека е редовно цица па знам дека не е гледна/жедна. Краставица немам дадено,не ни планирам наскоро,секако е само вода,никакви нутриенти нема. Месо дадов директно 30 гр на оброк,членките овде практикуваат прво од водата каде се варело. Кога ке почнеш ке е полесно,вака изгледа хаотично,мене главата шашма ми беше дека читав искуства и препораки на различни држави. Прашувај слободно што те интересира,а пред се води се по препораки од педијатар.
Јас секогаш свежо му правам не оставам ништо за утре. Само ако не сака да дојади одма може 2 3 часа во фрижидер да постои
Дали сте вовеле риба и урда во исхраната на вашите малечки. Како сте ги давале. Ние сме 9ипол и за риба педијатарот не советуваше да дадеме. За урда некаде прочитав се давало. Дали сте давале и како.
Јас од зегин купувам ама сега ми излезе за намалените во веро. https://m.facebook.com/VEROmarketi/...615091755209257/?type=3&source=49&__tn__=EH-R
Пробавме круша, трауми имам од грчеви што и направи неможев да ја смирам цела помодрее . Утре ќе и дадам тиквата малку да проба