Баш така рече може се што јаде мама. Секако нема да давам се, нормално ама ме зачуди баш. Знам и за домат покасно дека е Се водам отприлика по бебе готвач.
Јас кога прашував летото за "аптека за на одмор" ми рекоа сируп за алергија над 1г дека се дава Не би дала никаков лек без консултација со доктор
Moze nekoj, ve molam, da ja objavi tabelata spored koja se vodite? Od koj mesec sto smee da se dava? Falaa
Симни ја бебе готвач и по таа табела можиш да се водиш..Јас до неа се придржувам со мали отстапки оти не почнав од 6 туку од 5 месеци па некои намирници ги оставам за после 6 полни
Дали тиквата затвара? Некни дадов морков, нареден ден (вчера) какаше 3 пати ама топчиња мали, не плачеше и не стенкаше ама сепак го сметам за запек..вчера имавме тиква прв пат и денес ја прескокнав оти незнаев дали затвара па да му направам проблем па му дадов круша и јаболко..
Во документот што ми го прати матичната за дохрана, пишува да не се дава сируп. Пошто ако јави реакција, ќе јави од мала количина и само прекинуваш да ја даваш таа намирница.
Колку количински ви јадат бебињата од 7 месеци? Едвај пола или две третини од малите хип теглички јаде.
За морковот знам дека може да прави запек,а за тиквата не знам. Сепак кога се почнува со цврста храна очекувај промена во столицата, треба време организмот да се навикне. Можеш и пробиотик да даваш,нема штета
За на одмор и те како се носи сируп за алергија во случај пчела имав случај 7м ми беше девојчето и ја касна навечер во 20 часот имаше голем оток длабок убод и дадов сируп сигурно немаше да ја оставам така да заспие.Сите се консултираме со педијатар и во листата за на одмор се носи и сируп за алергија и се дозира според килажа и со воведување на храна во случај на алергија може да дојде гушење и прва превенција е сируп да се спречи па носење на лекар за боцкање синопен.
Јас прво матичниот педијатар ја прашав што треба и не ми пиша за сируп за алергија, Ми рече да носам маст против убоди од инсекти и земав Камагел кој до пред некоја недела ни стоеше не отворен. После прашав и на форумов ми пишаа мајки дека до 1г не се дава сируп за алергија
Kade ima kasicki na primer samo jabolce, ili samo morkov . Poveketo sto gi vidov sto se 4+bea kombinacija na primer jabolko plus morkov. Kako ke znam skraja da e ako fati alergija od sto e od jab. Ili mor.
Не знам дали строго сакаш купечки, јас сум купувала чист морков на Хип еднаш, а јаболче на Холе ама домашните се многу поубави. Морковот купечка и домашна е неспоредлива, јаболка особено ако најдеш некои непрскани и блага сорта преубава каша испаѓа. Уште и круша домашна ако најдеш најдобро, мене роднини ми дадоа круши од двор непрскани на малиот омилена каша му е.
Е тоа е проблемот со домашните кашички, да знаеш што даваш. Се живо и диво е прскано и третирано, па посигурна опција се купечките.
На холле и хип јас имам земано со само една намирница..Јас ги давав купечките додека воведував намирници а сега дома му правам и како што кажа јана неспоредлив е вкусот на домашна и купечка..Сепак и да ми се сигирни ги чувам во вода со сода бикарбона па ги мијам и ги лупам подебело..