Купив инстант ориз на Хип.На упатството пишува да се меша со формула,а јас го планирав за ручек,со вода мешан,во зеленчукова каша Каков ориз да дадам за ручек? Обичен да сварам со останатиот зеленчук? Последниве денови иначе одбива да руча,само ужинка јаде овошје со житарки @babyboy1 на Холе имам инстант просо,го јаде бебла,побарај такво.
Извинете што ќе ви се умешам, органски ориз најдов во Моринга за здрава храна. Уште немам купено ама ги прашав преку инстаграм и ми рекоа дека имаат. @0ли
Ти кажале веќе, со вода направи го. Јас ни еднаш со млеко и’ немам дадено ориз, некако не ми оди. Па ни со овошје (не дека не може, ама мене не ми оди со овошје). Секогаш само со вода, за ручек со зеленчук и мевце.
Мисиркино месо, освен во Веро, од каде земате? Пченицата дали ја оставате да кисне во вода преку ноќ или директно ја варите? Сакам утре да дадам за проба, па не знам како да ја спремам и не знам колку време се вари?