Мајки,имам проблем со ручекот последниве денови.Одбива да јаде,неќе ни да отвори уста. Дали е бљунтав зеленчукот,не знам.Тиквата бар е блага. Вечерата ја јаде,но на ручек никако. Сите комбинации ги направив,нудам и домашна и купечка секој ден и само фрлам Иако почнав само со зеленчук,на почеток го јадеше со сласт,сега не. Се тешам дека и растат нови заби па тоа ја нервира.Цица редовно иначе.
Јас мислам го изеде оти не го изблендирав го оставив така колку што се распадна од варењето толку..само сливите и кајсиите ги блендирав и ги измешав..претходно пробав пасирано со слива, со кајсии, со банана не го јадеше а еве денес го сакаше
Јас го оставам да се распадне во варењето и само го пасирам.А овошјето го рендам,мојава се гади од блендирано.
И јас почнав се почесто да оставам парченца не блендирам мазно веќе некое време повеќе ми јади вака..А и погусти каши му давам например јаболко и круша или тиква на пареа сварени само ги гмечам не додавам вода
Колкавно е? Вариш? Јас по совет од педијатар освен за вкусовите,свежо давам.Анет ја читам за рендано,и на ситна страна рендам,И џвака ли џвака
6 месеци за 5 дена Варам јас се досега што сум дала а и ќе продолжам да варам до незнам кога, оти тие плачки од грчевите сеуште ми зујаат, па не ми се ризикува.. Мал е уште за рендано тек почнавме со дохранава
На 5 почнав со вкусови,на 6 со дохрана и од старт рендано и свежо. Како си сака детенцето така,само ќе покажи.
Исто, го јадеше на почеток зеленчукот Ручекот не го јаде веќе некое време, ја држи устата отворена и не голта, храната од уста си слизнува
Пробај капнувај неколку капки маслиново, или додај малку несолен путер. Подруг шмек им дава на кашичките, мојава особено со путер ги обожава. Или ставај малку јогурт/кисело млеко да камуфлира вкус. Може и заради запчињата да не јаде
Ставам масло на Холе имам,а за путеров ти е добар предлогов,ке ставам утре,путер значително менува шмек.Кисело млеко нема овде,јогурт со кремаста конзистенција само,во сабота полни 7 мес,мислам смеам да дадам малце. Заби ке излегуваат со сигурност,скроз и се потечени кецовите горе,се молам побрзо да искочат да и’ олесни.
Гравче кога давате се дава постепено ,2 зрнца па пратите како ќе реагира ако има гасови или грчеви се прекинува за некој период.