Семолина безгултенски гриз од Хип, ориз инстант Холе и Хип пченка. Почнав со овошје,па зеленчук,па на крај ги дадов овие. Инаку може да се даде и просо,киноа,амарант и палента, тие се меѓу првите житарки. За појадок на почеток може само овошје,секогаш давам комбинации од повеќе видови. Јас давав житарка со овошје,па еден период педијатарот рече само овошје, може само малце житарка за згуснување,па после тоа рече да има повеќе од житарките. Сепак сметам дека треба да има и житарка во појадокот.
Чоколино има од 6м од 8м и над 12м Јас прво користев од 6м, сега земав од 8м иако има 12м не бев сигурна околу состојките. Исто и другите житарки,како на пример од Хип кутиите Слива со житарки, Хип мулти житарки, банана и какао, јаболко и овес итн ги користев откако воведов глутен,после 7ми м есец. Некогаш за појадок ,некогаш за вечера. Инаку околу количина на неделно ниво за месо педијатарот рече да има месо 4-5 пати неделно и да преовладува телешко. 2 пати неделно е доволно за жолчка/јајце Нормално кога има друго месо не може да се додаде риба во тој оброк. Мене ме интересира колку јајца во еден оброк смее да изеде дете од скоро 13м? До сега давам по едно, пред 2 недели воведов белка и му стана омилена на малово.
@Sofi.ja читав дека цвекло замрзнуваш. Така направив и јас! Дали така го замрзнуваш и пример телешкото? Сакам да сварам се и да замрзнам и само да вадам после. Тиквици, брокула и морков такви ствари како правиш?
Дали замрзнувате пашканат,батат и брокула? Пратив маж да купи тој испазарил ко за зимница па незнам што сега? @RAK91 јас тиквичка замрзнав иссечена на коцки и бланширана.. Исто и тиква само таа свежа ја замрзнав..Ја иссеков на коцки ја наредив на плех покриена со прозирна фолија така замрзна па ја собравво оное кесички со зип патент за полесно да можам да вадам..
Мајки , кога почнавте да давате свеж зеленчук и какви комбинации?пример зелка, краставици ..? Дајте идеја за цвекло и комбинации
Пролетта баба и дедо купија домашно теле. Месото е замрзнато во поголеми ќеси, баба вади го вари секогаш со коска заради бујонот и го замрзнуваме на мали коцки-50тина грама со 50-100мл од водата. Си вадам по едно парче за ручек. После само го дотурам при крај во зеленчукот што се вари. Тиквица, брокула, карфиол, боранија имам обарено и замрзнато. Сега исто планирам и со пашканат и целер да направам. Имам замрзнато цреши,вишни,сливи. Ќе замрзнам и свежа тиква и црвен патлиџан. Сутлијаш направи со вода, а после варење додај му 20-30 мл мајчино или ад млеко,банана и ц.цимет.
Јас по едно јајце и строго внимавав до кај 18м а сега веќе може да јадат јајце па после во некое колаче има плус јајце или тестенини.
Јас брокула само и сега прв пат целер и пашканат зашто и мм целерот кога го донесе уште саксија да зел и можеше собно цвеќе да ни биде
Никогаш не сум варела тиква, дека не сум љубител, како се подготвува варена тиква? Во зовриена вода на тивко? Колку време е потребно за подготовка?
@Andra јас и батат замрзнав оти купил 2кг.минатиот пат така ми овенаа и ги исфрлив па сега ги замрзнав, а пашканатов е долг колку ракава моја @elimkd јас мијам сечам на коцки за побрзо да ми се свари и ја варам додека не омекни, со вилушка ја проверувам..како компир исто А на пареа ја варам 15мин..
Баш исто како компир, исечи ја на мали коцки за побрзо да се свари, а можеш и да ја испечеш така е поблага. Моево ја обожава.
Мајки барав наназад низ темава но не најдов па ако ја има некоја да прати табелата со месеци за водедување на вкусови. Почнавме со вкусови,па да има да се водам според нешто за да не ја утнам.Освен морков,тиква,јаболко и круша незнам што друго може да давам на почеток и од кога може да мешам вкусови. Тешко дека ќе се снајдам околу кашите И од кој кашички сте најзадоволни.Сакам да е убава без додатен шеќер/сол,органска да е.Гледам има многу како хип,нутрино,холе,јувитана,Лино... секако подоцна ќе и правам домашни сега дека не јада многу па за две лажички не сакам да се најдам само на работа. Леле страната ама се распишав