Му се чудам на метаболизмот. Се што ќе изеде истиот ден ќе си искака Евентуално наредниот ама ретко. Супер е, се среди столицата како почнавме со цврста храна. Само еднаш имаше потврда од компир ама ништо страшно. Не згрешив што подранив малку со исхраната, само сега ги комбинирам воведeните, некако страв ми е тие за 7ми месец да ги воведам. До душа уште имаме од 6ти палента, киноа, амарант, карфиол, праска, кајсија, авокадо нема пробано. Тие до 7ми ќе ги воведам и планирам по Бебе готвач да се водам понатака и вечера од 7ми да воведам. Вие до кај сте со воведувањето? По Марина се водиш?
Супер, терајте Не се водам по Марина, одлучив да не му давам оброци до шест месеци, само му давам по една намирница три дена да пробува, уште е само на млеко. Од Марина применувам некои ситници. Досега има пробано: јаболко, круша, кајсија, слива, тиква, тиквичка, морков, пашканат, батат. Треба да дадам и некоја житарка. Сакам да дадам прво ориз инстант пред да му дадам обичен, просо и палента, а другите ќе почекаат. Малку врска немам што со што да комбинирам кога ќе почнам со оброци, но тогаш ќе замарам на темава
Јас воведов ориз,просо и денес прв ден палента..до 7 месеци ќе воведам амарант, киноа,карфиол, пилешко месо нешто пред 7м. И од додатоците ким, анасон,кокосово и м.масло..па 7+ ке воведам месо а од 8+ ми се млечните во план
Како ја прифати палентата и каква му даде? Ја измеша со нешто или чиста? Инаку, малиот пред 3 саати се искака ептен темно зелено. Можно е да е од зелената банана знае некоја?
Бебе 5 месеци. Почнавме со вкусови. Досега му дадов на синко: јаболко, морков, круша. Утре ќе му дадам тиква. Сега засега кашичките се купени, но кога ќе почне со оброк ќе му готвам. Дали е рано на бебе од 5 месеци да му се даде брокула, карфиол, спанаќ и пилешко?
Пилешко гледав на Телма 0+ емисија со доктор Митов. Советува дека пилешко треба да се даде после 1 година. До 1 година да се дава само телешко и мисиркино. Кажа дека пилешкото е со највеќе хормони. Дури и домашните ги ранат со концентрат. Ама спомна за месо од 7месеци па нагоре. Рано е уште. А овие другиве можеш, ги има во табелите.
Јас не би ги дала, синко од слива се грчеше. Брокулата и карфиолот мене ми прават гасови, а не бебе од 5 месеци. Спанаќ е од 7+ (нетретиран), пилешкото ми рекоа да го воведам последно од месата. Мајка ми купи петле и го храни со пченка (се надевам не треснав глупост) и после ќе го замрзнат месото за кога ќе дојде време да му воведам да бидам на сигурно што му давам.
Мила внимавај со киноа и амарант. Тука се забранети за деца под 2 год.Спаѓаат во групата на псевдо-житарки,содржат високо количество на протеин кој може да го иритира желудникот и да ги оптерети бубрезите на мало бебе. Лушпата од киноата содржи некоја супстанца која ја попречува абсорбцијата на витамини и минерали.
Праска, банана, сладок или обичен компир (ова меѓу последните), пашканатот дава многу убав вкус на кашите, кромид, ориз, тиквичка исто мојот многу сака, тиквата му е омилена, па после кајсија, слива, просо, брокула, карфиол.
Палентата повеќе од просо ја крка со јаболко ја измешав..утре со кајсии ќе ја давам.. Аа тогаш се можи и без нив нема ни да ги воведам ко е таква работата Фала ти А пилешко месо кога се воведува и малинки капинки таму?
Како е за авокадото, спанаќ, праз, лук? Што воведе од 7+ од овошје? Гледам во бебе готвач пишува вишни и цреши, а сега ги нема. И што е цејлонски цимет и каде да го барам? Оној како дрвце?
Пилешко месо од пиле млада домашна кокошка ама да знаеш дека е сигурна или јас на почетокот купував на холе во тегличка има чисто пилешко и на почеток доволно е само телешко ,дали 10 пати имам дадено до сега пилешко во овие 2 год.
@babyboy1 исто ко и останатото месо.Проблемот со пилешкото е што содржи хормони и концентрати,гледај да најдеш домашно.Темниот дел(околу копанот) содржи дупло повеќе железо од белиот. @Andra добро ли е тоа на Холе,го гледав и јас,се мислев дал да земам,и како го припремаше? @Jana06 цејлонскиот цимет важи за “вистински”,а и вкусот му е помалце интензивен.Барај го во ДМ,Био Космос или продавници за здрава храна. Авокадо дадов уште на неполни 6,со банана,вишни и цреши замрзнати нема ли на Фриком? Кромид и лук овде ми се 8+. Праз и спанаќ 7+. За 2 дена ке полни 7 мојава,не ми текнува некое ново овошје,само путер/мус од бадем ке и воведам по едно лажиче во житарките со овошје,многу е вкусно.
Цејлонски цимет има во Биокосмос 100%, вишна има во Кам замрзната, цреша немам приметено по маркетиве. Со што се комбинира вишна, дека многу е кисела?
Фала ти. Има сигурно на Фриком туку јас досега се домашно му давав, па тоа не го ни размислив како опција. Може и ќе ги скокнам засега.
Стварно? Јас па мислев дека е препорачливо за бебе...цели време по малку додавав во готовите кашички, за да даде структура. А просото?