Го мешав со зеленчук и давав 2 пати месечно.После година почнав и мисиркино ама и тоа како пилешкото многу не е сигурно.Сега моментално имам мешано телешко свинско како мелено.Може месото да го варите мелено заедно со зеленчукот кога ќе решите дека доста е пасирано.
И јас од холе зедов колку да имам за комбинации да не е сано зеленчук за ручек..иначе за домашно имам од кај да земам на свеки сестрата в село одгледува домашни и знам со што се ранети.. А телешко кога воведе? И кој дел е најубав за бебе?
Здраво мајки. Да прашам од колку месеци воведовте трет оброк и што давате? Сега сме 6+++ и имаме доручек и ручек, сака да јаде многу ретко ми останува по некоја лажичка и плус е на доење(јаде два оброка и плус 5пати цица, и вечер се буди 2-3пати за цицање).. Се мислам дали да воведам и вечера
Зелени банани може да му направат проблем со какање. Јас кога му давам позелена му давам количински помалку. Инаку и јас ги сакам зелени зошто не се толку благи, и само зелени јадам цел живот, немам гајле.
@Enci201 просото е одличен избор,лесно сварливо е,плус богато со железо. @babyboy1 не баш тој дел што е залепен за коската,на самиот копан е потемно месото. @Chuchanov можеш од 6+ да даваш цимет
Ејј стварно? А јас баш денес сакав да одам да купам киноа, амарант и такви житарки оти за киноата читав дека е многу богата со витсмини, искрено никогаш не сум користела за мене ни па за децата, ама дека сега се во "мода" тие житарки и викам да пробам да и дадам на мојава, 7+ е....
Мајки како го припремате путерот и со што го комбинирате ,јас денеска со палента му дадов ама сакам да знам и во други комбинации ??
Јас скоро во секој ручек го ставам заедно со зеленчукот и месото пред да блендирам. По едно мало парченце, отприлика колку една мала (не полна) лажичка.
За близнаците страв ми беше дури на 18м почнав и без проблем дури и радосни трчаа да јадат.А сега со бебчево планирам да комбинирам пасирано и парчиња дали ќе успее ќе видиме.Само што ортопедот ми рече од 8м може да седи на 90 степени а за вакво хранење мислам дека е важно седењето.
Колку сака толку давај му. Јас така за тиквата жива се изедов што не и дадов повеќе лажички а сакаше,другиот ден повеќе од пола тегличка изеде