1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Да, најбитно е да седи убаво, без потпора, да држи во рачињата. Јас пробав, она држеше и одма ставаше во уста ама го плукаше, фактички ништо не и се допаѓаше, ни овошје ни зеленчук. Само си играше со нив, лом се правеше од глава до пети, лом околу неа се и само што ја ислидтиш, избришиш, смениш се, после пак дошло време да и дадеш, оти во оваа метода и даваш колку пати сакаш, најдобро кога седнувате да јадете нели сите заедно и бебето до вас, да гледа како јадете да јаде и оно со вас ама искрено се изморив цел ден чистејќи, миејќи, а она ништо во уста не ставаше, цел месец така и после тоа пробав блендирано еден ден и почна да отвара уста, на мое огромно изненадување оти пред blw јас прво блендирано и нудев и не отвараше уста никако, секој ден упорна и правев и ништо, го јадев јас на крај, ништо ич не сакаше ни да проба и затоа преминав на blw ама и таму залудно и еве сега пак блендирано пробав и нешто правиме, од ништо што не јадеше, сега колку толку 2-3 лажичиња ќе проба, па ќе се залажуваме и така поминуваме со јадењето, тешко е кога не сака да јаде детето, со син ми така бев, исто, се со лажење, извефувавме кловнови за да отвори уста, со второто дете спротивното, јадеше се без проблем што и да и направев. А сега третово душа ќе ми извади со јадењето. Живи и здрави да се, викам ќе пројадат еден ден, што да правиме...
     
  2. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.798
    Срам не срам, да прашам, што значи blw?
    И уште нешто, ја симнав апликацијата Бебе готвач, а таму почнува од 6+, како е во книгата?
    Се спремам да почнам да воведувам вкусови, хаос ми е во главата, различни табели, различни намирници за воведување од почеток, појма немам по која да се водам и како да правам.... :drunk:
     
    На Andra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    https://www.mamaibeba.com/zdravlje/blw-je-svetski-hit/

    Ми се свиѓа овде како е објаснето. Во превод учење на бебето да јаде само, без помош од родител и без кашички.

    Ти почни си со намирниците од 6 месеци и понатака сама ќе си сфатиш како да воведуваш зашто ќе се водиш по бебето. За се друго што не ти е јасно, прашувај.
     
    На Andra и Thallia им се допаѓа ова.
  4. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.927
    Пол:
    Женски
    Како се прави просото, колку време треба да се вари?
     
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Само јаде детето од сам почеток на воведување на цврста храна, не помалку од 6 месеци затоа што треба детето само да седи, да биде спремно значи за храна, не го храните вие туку седи во столчето за хранење, му ставате во дискот храна и тоа само си зема, го испитува, го гмечи, го проучува и става во устата, јаде со раце...
     
    На lavinija28 и Thallia им се допаѓа ова.
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.798
    Малата ми е 4 и пол месеци и добив препорака од матичен педијатар да почнам со вкусови, но добив оскудни препораки од неа, ориз и пченка (млечни каши), морков, јаболко, круша, слива по 1-3 лажички дневно. Затоа го симнав Бебе готвач и таму кога видов 6+ ваква останав :o
    Смеам и компир,батат,авокадо на почеток нели? Со што се почнува? Негде читам житарка (конкретно ориз да е прва намирница), негде зеленчук. Овошјето матичната ми рече свежо да го давам,вие како го давате?
    Имам уште мал милион прашања ама да не трујам веднаш :D
     
  7. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Најважно да се живи и здрави.Моево 3 бебче е 4 +м и од пред 2 недели а ги види бато и дада дека се седнати да јадат одма сака во раце да го кренес и ги посматра.И кога ги ранам ако го држам во раце цело време ги гледа и по некое време и он отвара уста како да јаде:).Витамини на лажичка му давам и кога ќе ме види се поткрева прета се радува.Па како ќе биде ќе видиме.Јас со близнаците се во нутри булет и гриз и палента и ориз.Сега планирам гриз и палента да не ги ставам,компир ќе гмечам нешто ќе рендам.Мене едното близначе до 7 месеци нејќеше ништо ни овошје ни зеленчук само млеко.Ама породилно ми беше 15м и имавме време :) а сега морам пред 9м да почнам со работа и затоа и намерно го оставив покасно да почнеме.Со поголемите се одложував за покасно и многу полесно.
     
    На Thallia и Kallias2 им се допаѓа ова.
  8. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Стои во вода некое време јас од вечер го чував и следниот ден се вари колку просо тродупло вода 1:3.
     
    На MinnieM му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа од вечер да стои важи ако е нелупено. Купи си лупено, стави го во вода на тивко да врие, поклопи го со капак и нека изврие целата вода ќе се распадне. Во упатството пишува 1:2.
     
    На Butterfly1107 и MinnieM им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас до 5 месеци му давав само оризова вода, супер избор е за да му се навикне мешето на нешто друго освен млеко. Почни си со дохрана од 5 месеци, да не биде ептен рано и почни со јаболко, морков, круша, пашканат, ориз, тиквичка и види кои други се за 6+ давај му ги постепено и тие. До 6 месеци ќе има еден оброк, до 7 два оброци и од 7+ ќе воведеш и вечера. На почеток прави ги течни и мазни и постепено ќе згуснуваш и ќе оставаш мали парченца.
     
    На 0ли и Thallia им се допаѓа ова.
  11. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    5.196
    Пол:
    Женски
    Јас од сабајле го оставам 2-3 саати да кисни, го мијам додека водата не биди чиста и дека варам по малку на пример третина од филџан просо со цел филџан вода мене ми е доволно..или од прилика да е еден прст водата над просото, брзо се вари незнам толно во мин.ама додека се распадни ќе пробаш да не е крцкаво
     
    На MinnieM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Јас не давав повеќе, првиот ден 2-3 лажички, па наредниот ден повеќе лажички и третиот уште малку повеќе. Но јас не воведов оброк, само пробување. Оброк сега ќе воведам од 6 месеци.
    И на упатството од купечките каши пишува да се дава по 2-3, а и педијатри така ме советуваа. Од прв ден кога пробува намирница, не би давала колку што сака.
    Каде има лупено?
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Во Веро.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    8.439
    Калинка како замрзнувате на кој начин?
     
  15. stoimanovskamarija

    stoimanovskamarija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.529
    Карфиол како замрзнувате? Свеж или бланширан како брокулата?
     
  16. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    Јас замрзнав бланширан
     
    На stoimanovskamarija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Синко, 5 месеци и 6 дена. Ние кога пробуваме нов вкус нема две, три лажички. Плаче, се буни. И " тепа " пола тегличка од 125 гр.
     
    На Sexybaby86, Chuchanov, MinnieM и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Гледам сите различно одат со шемите за дохрана, мене педијатарот ми рече да почнеме со 2 лажички, и така да зголемуваме секој ден по 2 за да дојдеме до 20 лажички. Според него треба да почнеме прво со компир, па морков, тиквичка и карфиол, кои после секој 2-3 ден ги додаваме на компирот. Дали некоја има започнато со ваква шема?
     
    На Butterfly1107 и 0ли им се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Може и свеж и бланширан.
     
    На stoimanovskamarija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Ако сте 6м дади малку чекај 15 мин ако има реакција ќе покаже ако не давај додека сака.Доволне е 100гр за оброк.Вака да ограничуваш според мене може да нема ефект и да не ти јаде.Некоја каша ќе сака повеќе од 2 лаж .Прати го бебчето ако сака давај .
     
    Последна измена: 7 ноември 2020
    На babyboy1, Bebac и Филотеа им се допаѓа ова.