За водата, јас го прашав педијатарот, рече дека зошто сум на екслузивно доење се уште не треба вода, туку веднаш по хранењето да го подојам.
Јас компир и морков би оставила за подоцна да почнував сега, оти кај моево запек прават.. Можиш пашканат,тиквичка,батат, тиква..брокула јас дадов некој ден пред 6м.
Кажувајте чаре сега.. Компир и морков кога и да давам бебка наредните 2 дена кака леблебии-што би рекол мм.. Денес му дадов капичка од јаболко ама не сакаше изеде некои 30-40 грама и толку..пак се искака тешко и неколку топчиња само...изрендав јаболко и низ газа му го исцедив сокот му дадов 60мл да испие и после тоа пак исто топчиња какаше.. Давајте совет што да му давам утре за да се исоразни гревота е 2 дена само по 2-3 топчиња колку леблебија кака (извинете на споредбава)
Моево какаше така кога почнувавме со немлечна дохрана, еднаш во 4 дена со тешки маки. Сува слива сварена стави му во кашичка, или сокчето кај што се варела дај му некое лажиче. Додека му се навикне мешето така е, после ќе се нормализира.
Паузирај со зеленчук, давај му овие 2 дена овошје додека не се искака убаво. Евентуално некој полесен зеленчук. И најдобро не мешај компир и морков ако е тоа проблемот. Дај му сабајле неколку лажички слива.
@Cherry333 Кака тој секој ден денес и три пати дури ама по 2-3 топчиња мали..не плали да го боли ама се напнува ептен и не е испразнет..а мешето меко му е.. @Jana06 Скрос ќе исфрлам компир и морков засега барем додека не се среди столицата..2 пати досега вака ми прави и не ги давам веќе ни посебно ни заедно..ќе мешам од другите зеленчуци.. @sweet-17 ќе пробам утре слива,круша и јаболко ЕДИТ:А можно е да е вака и поради тоа што не пие доволно вода? Можи како замена за вода да му цедам сок од јаболко 50-60мл на ден 3-4 пати неделно или не е препорачливо?
@babyboy1 и мојава има такви денови кога кака тврдо.Читав дека е нормално,од преодот на немлечна исхрана,и дека треба само време да се среди само од себе. Иначе и житарките задржуваат доста вода,па знаат да прават тврда столица.
Како ги правите кашичките од тиквица и од пашканат. Сакам да и дадав Пред некој ден и мојата имаше запек.И дадов кашичка од слива и се какаше 3 пати.Нас тоа ни помогна.
Ништо посебно тиквичката на коцки иссечена ја вариш 10-на минути и блендираш.. Само од пашканат немам дома спремано туку за пробување имав на холле купено и од неа му воведов. А сега го варам заедно со другите зеленчуци и блендирам..
Еден месец ја превривав, до сега до 6 месеци. @babyboy1 Заборавив и ова да пишам. Добив кашички и сок од круша од роднина ама сокови не планирам да давам. Кога мм му даде зелена банана исто топчиња какаше утредента и дома го имав само сокот. Му ставив 20мл и го разредив со вода и цел ден си какаше по малку, од топчиња почна да кака се помеко и до вечерта се испразни. Можеш и со сокче да пробаш ете домашно нека биде, само да знаеш дека и на самото шише пишува доколку често се пие сок особено со цуцла доаѓа до расипување на забите.
Крушка ,слива или тиквица.Немора да значи дека е од тој ден а и нормално е да варира столицата кога се воведува храна.Во зеленчукот обавезно маслиново масло и почесто брокула ако имаш воведено.
Ако е за пиење нема потреба ама така е со краток рок пишува на амбалажата,остатокот ако нејќеш да ја фрлиш може да се преврие и има неограничен рок.
Се зезнав купив од големите шишиња, ја користам за да му ги разводнам кашите. Утре ќе земам во помали шишенца.