Претпоставувам јувитана ви донесоа..И кај нас кој и да иди со јувитана е изнасобрав 10-на а не ме бендисува составот за да ги давам.. Јас му рендам јаболко и круша и го цедам сокот низ газа и му давам да го испие...тоа вака во вакви случаи ко ќе кака топчиња ќе го применам во комбинација со капичка од слива,круша и јаболко додека не му омекни столицата.. Купив маслиново ама не ми е воведено..нека се олесни денес утре ќе давам тиквичка,брокула, кромид и маслиново..Кромид ко ќе има во зеленчукова а да нема компир или морков кака по 2-3 пати на ден..
Во бебе готвач пишува на 11 месеци може да се проба ванила/пециво? Како сте пробувале тоа? Јас така за ќерка ми тоа не сум го пробала, а еве би сакала и мафини да правам па дали 3 дена или како?
Имам едно прашање, сега пробуваме вкусови, за еден месец ќе стигнеме до оброк-доручек. После тоа како иде? Давам за доручек нова намирница со веќе воведени и за ручек веќе воведени намирници? Нели за ручек треба да биде зеленчукова, ако воведувам зеленчук како нова намирница и за доручек ќе биде зеленчукова? Значи два пати во денот зеленчукови ќе има тогаш?
Не, така почнав, околу 11 му давам. Ама пример воведуваш да кажеме брокула за доручек. После за ручер што даваш? Пак зеленчук или овошје?
Истово сакав и јас да прашам и кога ќе дојде време за вечера значи житаркиве наутро ќе се воведуваат со појадокот?
Јас сега му давам зеленчукови каши за ручек, а за доручек по неколку лажици овошје (можам веќе и цел оброк за доручек ама некако мал ми е). Кога воведувам нова намирница или ја мешам со овошјето (ако иде со овошје) или чиста. Пример, утре ќе воведувам карфиол и сабајле ќе му дадам чист (ако не го сака ќе измешам со нешто) и за ручек стандард зеленчукова каша. Се воведувам од сабајле и си продолжувам со стандард ручек. Кога ќе има и доручек, новите овошја и житарки ќе ги воведувам од сабајле, а зеленчукот, месо, зачини за ручек (ќе го поместам ручекот во 12h ако е нешто ептен алергено). Едит : Само првиот ден давам нова намирница од сабајле. Вториот веќе ја мешам во доручек/ручек.
Јас во доручекот-оброкот ја воведував новата намирница. Така еден ден јадеше овошје,еден зеленчук. Кога стигнавме до втор оброк му ги поделив, житарка и овошје за доручек, зеленчук (и месо) за ручек. Тоа што планирам да му го дадам за вечера прво му го давам наутро да го проба. Па по некој ден му го давам за вечера. Пример обично кравјо млеко со бисквити,му дадов пред некој ден за појадок. Прв пат проба крајво млеко (претходно во кифли) Сега веќе можам за вечера да му дадам. Житарките за појадок и вечера се истите.
Ќе ги ротираш..ако за проба даваш зеленчук за ручек давај овошје или овратно.. Јас вака че правам додека ги воведам сите намирници па после ќе бидат за доручек овошните а за ручњк зеленчукови..ама тоа тек месо ко ќе воведам и повеќе житарки..
Јас воведував сѐ напоредно, овошје, зеленчук и житарици и додека стигнеме до втор оброк јадеше различно, некој ден овошје, некој зеленчук, околу 11 саат. После кога почнавме со втор оброк имав доста воведено па немав проблем да ги разделам насабајле овошно околу 9, а за ручек зеленчук после 12. И нова намирница не мораш во доручек да ја ставаш, и ручекот не е којзнае колку касно, порано се дава само во случај да не јави реакција. Ама ако не е некој алерген, кога треба повеќе внимание, немаш гајле.
Водава "ладна" дали знаете колку време можи да се дава после прво отворање? Си велам нема многу гајле...
Јас не гледам досега колку време ми стои..ја отварам и додека не се испие.. Овде некои ако е повеќе од 24 ласа отворена ја превриваат, ама јас мислам нема потреба
Читав баш денес на апликацијата Baby+ дека авокадо е во првите намирници што може да се воведе, значи 4+, се дава свежо, само изгмечено убаво, исто како бананата За количина се уште не знам да кажам ниту за комбинирање, јас сум уште во фаза на студирање на темава