Авокадо јас сечам околу четвртина и ја мешам или со круша или со банана. И двете комбинации ги јади и ставам и малку вода оти некако густа ми е смесата.
Не знам како е кај вас ама кај мене додека јаде синко бута прсти во уста, удира по хранилката, го јаде лигавчето, целиот лом се прави. Денес многу брзо му здосади и почна да плаче, многу малце јадеше. Не знам дали е ок вака или јас нешто погрешно правам?
Бута прсти, лом се прави, мава со раче по хранилка, се врти лево-десно и лом ги прави каишите, го тегне лигавчето, ми 'ржи, се фаќа на облека и што уште не Рано е да ги учиме да се културни додека јадат На колку го ставаш да седи додека јаде?
Антоние ми рече на 60 степени е сеа нашава хранилка нема обележано ама претпоставувам тоа е едно ниво пред 90 степени.
И јас на 60 го ставам. Првото на мојава хранилка е 40, второто е 60 и третото е 90. Интересно е колку педијатрите поинаку советуваат, секогаш се чудам. Ортопед ми вели на 40 да седи во количка, на 60 да јаде, а на 90 да не го ставам никогаш, да не користам перници и помагала. А педијатар ми вели веќе е време на 90 да го ставаш, па ќе си го потпреш со перници, мораме да направиме до 8 месеци да седи. И тоа не ми го кажал ова само еден педијатар. Аха, важи. Нема шанси да го форсирам, за ништо не сум му помагала и ќе седи сам кога ќе се извежба. И гледам дека кога го возам во количка, иако е на 40, крева глава и се поткрева да седи исправен. Сам ќе си се исправи. Избегав од темата малку, но сега се сетив на ова.
Занимавај го нешто.. Не е препорачливо додека јаде да се занимава, ама јас викам кој дели така памет немал дете што од досада не сака да јаде. Мојов на средина на оброк почнува да се глупира, само да не дофати внатре во кашата, одма се мачка на фаца, во коса.. А ако му дадам нешто во рака да го гледа, цел оброк јаде..
Ние конечно купивме хранилка и бебе сака да седи на 90 степени..значи џабе наслонот му е на 60 се држи со рацете за послужавникот и така седи..го оставам се додека јади и е мирен Дали е во ред така? Или да барам начини да го легнам? Туку друго ќе прашував..гледав од овие емисии на телма 0+ на тема глутен и таму вели да се воведи од 4-6 месеци..Јас би вовела сега на 6.5 ако ми речи педијатарот дека е во ред да воведам... Што мислите вие и кога воведовте и со што?
avokado ne treba da se dava povekw od edna cetvrtina vo obrok inaku moeto saka kombinacija avokado so jabolko i kinoa ili samo so jabolko ili so banana najcesto vo tie kombinacii
Ако има опции спушти го наслонот ако нема за спуштање тогаш перниче,ако се исправа кога ќе се измори ќе се навали.Исто и со релаксатор и со количка кога ќе се измори ќе се навали. Глутенот е во житарките пченица,јачмен,рж.Јас палента и гриз пченичен од 6м почнав.
И мојов сака да седи на 90, ортопедов денес рече ако сака нека седи. Јас го оставам на средното ниво (60 би требсло да е) и тој цело време е исправен нанапред
Почнува да скапува спанаќот и тогаш не е за јадење. Ако се добри листовите, тогаш е добар за јадење. Јас обично кога ќе го купам веднаш го ставам во сода, па го мијам, го цедам и го ставам во пластично. На долниот дел од пластичното ставам два/три листа хартија и на горниот исто. За да ја држат влажноста и така ливчињата остануваат подолго свежи.
Да не бараш начини да го легнеш, нека си седи така ако сака. Ортопедот ми рече на 90 никогаш да не го ставам, сам да си се исправува до таа позиција. Тамам си е, со ништо не му помагај да седи на 90, ќе си се потпре кога ќе се измори, па пак ќе се исправи и така си се вежба. Каква хранилка зеде?