Мајки кога почнавт со вкусови. Кој дел од денот дававте? После колку време од млекото? И по колку лажички јадеја? За колку време успеавте да виведите ред да руча повеќе?
@Andra мене наслонот ми е на 60 степени ама тој се држи за послужавникот и седи сам на 90 без да го потпирам и да го форсирам..иначе во количка ми е во транспортерот уште, неколку пати го седнав во другиот дел ама не сака да е врзан а се исправа и го тргнав.. @0ли и јас не го исправам сам си седнува.. и не го потпирам за да си легни ако се измори или му здосади..Оваа ја зедов Спојлер: Хранилка
Прочитав две три страни, заборавив кој што прашуваше (бебе расте и се развива, мама слабее и ментално уназадува) Почнав дохрана некој ден пред 6м, скоро веднаш почнав со инстант житарките, пред седум дадов овес и после гриз, па каша од цело зрно пченица итн. Откако воведов еден оброк, новите намирници ги давав пред доручек (неколку лажички), ако беше овошје, и пред ручек исто неколку лажички ако беше зеленчук. Пред да воведам цел ручек, ручекот беше 50-80-100гр итн отприлика. Авокадо според мене може буквално со сѐ да се даде, особено кога не се дава јајце, млечни или месо, ѝ додава убава маст на храната, а додека (ако) ви јадат блендирано, ги прави кашите покремасти. Инстант житарките скоро секогаш со вода, имам пробано со мајчино ама не ми ги јадеше така. Да ве "утешам", скоро година ќе прави, после секое јадење се осеќам претепана, па морам и околу него да чистам, некогаш и да го пресоблечам, или избањам. Особено кога вади заби (што кај него е речиси постојано) и е нервозен, оброците се што да ви кажам... Поздрав мајки и опуштено со намирниците, не им се притресувајте премногу.
Мајки, со што го комбинирате лупениот овес? Дали секој ден давате жита (посебно мајките на 6 месечните бебиња) Палента исто, од кога воведовте? (Ама ве нападнав со прашања)
Јас палента дадов некој ден пред 6м. Ја давам со овошје со зеленчук не сум пробала, а овесни сакам да виведам сега ама незнам со что ќе ги комбинирам па ќе читам другиве како што правеле..
Овесни со овошје ни е најчест појадок на двајцата, варам кратко овес во вода, или бадемово/ореово... млеко ако имам направено, пред крај или откако ќе ги исклучам додавам ситно исецкано или изгмечено со вилyшка овошје - банана, јапонска јаболка, некогаш батат или тиква, крушка изрендана, не знам друго што е сезонско таму ама сум ставала праски, кајсии, боровинки, малини... со банана или тиква понатаму може да се додаде и какао, малку цимет... јаболче исто изрендано или изблендирано.. На сам почеток му блендирав сѐ, па полека покрупно, од пред месец два директно ги јаде.
Супер, баш вчера отворив на страницата и ја видов хранилкава, ја немаше оваа јас кога купував. Со здравје да си крка! Сега воведов палента, а и општо житарки, кога направи 6 месеци. Житарки давам секој ден за доручек или со овошје или со зеченчук.
Malata ima polni 5mes,pocnavme so probuvanje vkusovi, zelencuk nikako ne saka da prifati, sovet od pedijatar da stavam na vrv na lazice puter, jas mislam deka e premnogu rano, dali nekoj ima primeneto puter vo tolku rana vozrast?
Мајки сакам да дадам тиква. Е сега дека е голема ќе подготвувам само по малку секој ден. Остатокот како го зачувувате за наредниот ден? Исто ми е прашањето и за слаткиот компир на пример. Првиот ден би пресекла само парче, а тој е доста голем. Смеат ли да стојат така пресечени во прозирна фолија во фрижидер ден два? Или е подобро да зачувам изблендиран од денес за утре во тегличка?
И јас го добив истиот совет од еден педијатар за путерот, но нема да давам. И тоа солен ми рекоа да давам, за вкус да имало Јас тиква имам на коцки замрзната, вадам по потреба и ја варам. Блендирана каша не би давала два дена, само првиот ден. Досега не сум чувала батат во фрижидер, тоа што ќе остане, го фрлам. Ќе пише некоја ако може да се чува свеж пресечен во фрижидер.
Смее во фрижидер,слободно. Складирај како ти е тебе позгодно,може со пластична фолија,или на коцки исечено во затворен сад. @babyboy1 исто овес,во текот на седмиот месец воведов,т.е 6+. Не беше воодушевена,следно ке и спремам овесна каша класична,со вода и млеко.
Не би давала путер на почеток, месец и пол пробуваме вкусови и немам воведено путер..подобро кромид едно мало парче колку нокт би додала за вкус Јас батат и тиква ги замрзнав од причина што ми е страв така да ги чувам..ги исеков на коцки и ги замрзнав сега си вадам по потреба
@0ли фала Оваа ја зедов оти овде ја имаше во прилеп за да не порачувам по нет... @dunika јас ќе воведам овес по нњкој ден..денес му дадов кашичка од хип од тие шмукалчињата со беби бисквит,банана и јаболко значи глутен воведов..
Е да,и таква имав дадено.Има со јаготка шмукалче,многу е вкусна. Смееш таква,варена е јагодата,и многу малце,не се плаши.
9 ќе полни некако мислам мизерно ја хранам Па и не се сеќавам на поголемава што,кога и воведив. Значи сепак рано е