Денес реков ај да дадам кашичка од јувитана од касија (ми стои во фрижидер подолго време поклон ми е па сакав таман и теглето да го ослободам за мерка да ми биди)-ама многу кисела, блјак! И не му ја дадов, реков ова вака ако мене ми е кисело, што преостанува за неговото желудниче. Имате дадено баш ваква кашичка?
Баш и јас денес пробав да и дадам од истата на подарок ми ја донесоа, не сакаше ни да ја проба кога ја пробав јас сфатив зошто, ептен кисела и доста е ретка ни јас не би ја јадела. Ова ми е трет обид да и дадам готова кашичка, првите два пати на Хипп ама несака не знам зошто а домашните без проблем ги јаде
Колку може да стои домашно направена каша на собна температура? Утре во 12 треба да излезам и ќе го оставам на мм ама тој незнајт да направи каша, кон 3 часот треба да му ја даде. Дали може да стои или да ја ставам фрижидер?
Ова баш за се' ли важи? Прашував овде пред некој ден за сладок компир и тиква, и читнав на интернет, компиров не смеел свеж, додека тиквата може... Подобро ли е се прво термички да се обработи? Значи кога ќе ја спремаш кашичката ќе го доправиш на пареа или свариш? Како одредувате што мрзнете свежо а што не?
Јас ја прашав за следните работи брокула, карфиол, тиква, тиквичка, спанаќ, блитва, компир и батат. Со тоа што компирот и тиквата малце повеќе 3/4мин. Ако е се бланшираат на пареа тогаш малце повеќе, пример брокулата на пареа јас ја правев 5мин. Се внимава сите парченца да бидат слична големина и доколку се бланшира на повеќе пати еден ист зеленчу, тој да биде подеднакво во минути бланширан. Се замрзнува во зип ќеса, се истиснува убаво воздухот. После се вади и се вари/на пареа/пече по потреба.
Е сега не ми е јасно како советуваат компир да се замрзнува бланширан, кога нели компир не се притоплува? Компир замрзнат сум видела само оние кои се прво запржени па замрзнати како помфрит.
Епа не знам ни јас, исто и за спанаќ и блитва. А знам дека има мешавина готова во маркетите со компир и тој е сигурно така бланширан, зошто нели пишува дека треба 4мин да се вари
Имам убав домашен компир 10 кг и жал ми е да не го имам подолго, но некако шубе ми е да го загревам за бланширање па да го притоплувам, токму затоа што не треба повторно да се загрева. Блитва и спанаќ свежи замрзнав.
Мајки, можеби сум во право, можеби грешам. Навистина немам намера да замрзнувам. Планирам да му давам на синко зеленчук и овошје ( сезонско ), нормално прилагодено на неговата возраст. Ова е само мој став. Секој за своето бебе одлучува сам.
Мислам дека ова е најпаметно. Денеска ја читав @majkatakata на инста (инструктор за blw) и се замислив за некои работи, конкретно за воведувањето на исхрана. Зошто некои намирници ги воведуваме покасно? Нели ако детето е алергично на нешто, ќе биде и на 6 и на 9 месеци? Дури вика дека алерген е подобро да се внесе порано за телото да го прифати. И логично, јас не можев да најдам причина за одложување. Друго што прочитав дека секој оброк треба да биде микс од железо, витамини, минерали и масти, а гледам дека многу ретко која мајка го прави ова. Не знам зошто толку многу се замараме околу дохраната кога уствари е многу едноставно. Јас единствено се плашам од пестициди и сакам да му купувам чиста храна, околу другото сум поопуштена.
Сè што замрзнав е домашно и во поголеми количини имам и ако не замрзнам, ќе пропадне. Непрскани круши (на пример) или ќе пастеризирам или ќе замрзнам свежи и за мене подобро е да дадам таква круша што знам чија е отколку купечка каша или од пазар свежа и прскана круша. Свежо цвекло, тиквички, карфиол, брокула, моркови, пашканат вчера набрани од бавча како да не ги спремам. Или кајсии, вишни, праски, сливи од двор скинати ми ги дадоа, зарем нема да ги замрзнеш. Затоа замрзнувам, инаку не би се маткала да го правам тоа ни јас ако се купечки работи.
Откако ги воведов првите намирници - јаболче, тиква, итн, давав сѐ кога имаше убаво свежо. Путер од/мелени јатки и сусам на 7, белка пред 10 итн. @Jana06 Мислам дека мајките сѐ поубаво комбинираат намирници, како што гледам тука барем. Веќе сите знаат дека железо оди со витамин Ц, се додава и масло, авокадо или јајце - тоа е маст... Од мене ќе додадам: храна богата со калциум да се комбинира со магнезиум и цинк, на пример со млечни додавајте банана во овошни комбинации, или намаз од семки од тиква или сончоглед, овес со истиве комбинации, мелени јатки, итн. Треба малку само да се прочита, да се уходаш месец два и после е лесно.
И јас планирам сезонско да давам, но уште сме на пробување по 2-3 лажички, па муабетот ми беше како зачувувате поголеми продукти како тиква и батат за тие 2-3 дена кога ги воведувате. Не можам секој ден нова тиква да отварам за ептен мало парченце. Ме интересираше како најдобро да се складира за утредента да се подготви пак кашичка. Инаку за месо уште е рано ама размислувам и јас да подготвам цело парче, да го пасирам и со бујон да замрзнувам топчиња во силиконски калапи кои потоа само ќе ги додавам во кашата.