Исто и јас тоа што го замрзнав или пастеризирав е домашно и непрскано и греота да се фрли. Петле моите му чуваат и ќе го замрзнам и тоа за да му давам убаво месо. А да купувам сега и да замрзнувам не сакам и немам место. Имам мала комора, се што замрзнав е кај мајка ми.
Секако ќе треба да ја вариш така да не менува што испушта вода.. Тиквата свежа ја замрснав оти беше голема и ми е шубе да ја чувам пресечена Јас овие од јувитана што ми ги носат сите ги истурив не ме бендисува составот ич.. Јана јас баш затоа почнав да се водам по табелата на којиќ таму многу намирници се воведуваат порано за разлика од бебе готвач..освен за алергените, јаткасти плодови, јајце, мед за друго не чекам толку долго..и месо му воведувам сега, пичешко воведов а ќе воведам и телешко за брзо..
И мене ми хранат петле, па и тоа ќе оди во замрзнувач. И јас немав место за замрзнување, купив мал сандак од околу 100 литри
Ти си хард кор Немам јас каде да го ставам во станот, па моите купија секако им требал и нив Се шлепам. @babyboy1 Уште се мислам што и како. Поважно ми е да има убави и здрави оброци отколку да воведам се порано. Може ќе ги убрзам тие за 7+ ама за месо ќе почекам веројатно, не знам. Доктор ми рече телешко и мисиркино прво, па на крај пилешко, а знам дека повеќето прво пилешко воведуваат. Ептен сум збунка
Мисиркино прво се препорачува,јас во Чешка живеам и тука е така. Кажете ми цела жолчка може да дадам? Давав 1/4 и една половина и ок е, нема реакција
Ако е купечко исто ти е дали пилешко или мисиркино прво ќе биде.Пилешко домашно може и пред мисиркино.
И кое месо од телето треба да се дава? Ме убедуваше еден месар дека јунешко месо таму некое најчисто било подобро да се дава, похранливо и поквалитетно било.
Јас сите месарници ги пребарав тука и телешко нема, сите продаваат јунешко, и пријател на татко ми поточно кираџија е во нивниот дуќан и има месарница му рекол дека кој и да му рече дека има телешко лаже..на кланица не му се иаплаќало да колат теле сите колеле јунци и телешко младо нема... Се запнаа тие да купеле теле, ама кој че јади толку месо..
Не ми е и мене за тоа да ги воведам порано намирниците колку пто ми е да имам намирници за ротација и комбинации со фул витамини,минерали,железо и масти... Искрено со овие досега воведени сето ми е ветар во магла.. Нема доволно за да се избалансира здрав оброк, затоа почнав и од тие за покасно да воведувам..
Јас би зела теле, но кај да најдам не знам, уште сум во потрага. Да земеме јас, ти, @Jana06 и да делиме
Ако може едно прашање до мајките што се водат по Којич. Како да воведам Пченкарно брашно? Има ли некоја инстант каша? Пченица? Гриз е тој со бебето плавиот што го има по маркетите? Пченка- може со пченкарен гриз да се воведе?
Спанаќ,леќа,црвено месо,грашак во комбинација со овошје и зеленчук богати со вит.Ц ..Нормално не сите овие воведени на 6+ ама едно по едно за да не давам само просо,палента,ориз па пак истото незнам веќе што да комбинирам дека исфрлив компир и морков сега за сега, запек му ствараат Можи така Јас ќе најдам има овде по селава
Јас од овие овде воведов само палента-значи со тоа и пченка и пченкарен гриз.. Ориз, просо..пченицата ќе ја воведам после 7м со гриз со ваков гриз..
Добро, јас од тоа ништо немам воведено. Инаку, не исфрлај компир и морков само балансирај со овошје. Од сабајле давај неколку лажички круша, слива или јаболко и ручекот стандард. А зошто да немаш што да комбинираш, па баш има. Основата само да е компир или ориз и другото го менуваш секој ден. Не мора да мешаш многу намирници, јас мешам 3-4. Секако ти си знаеш најдобро. Ај плс прати ми ја табелата од Којич, мислам ја праќаше ама не знам зашто ја немам.
Немам ни јас воведено само ги наведов како извори на железо за понатаму.. Пастрмката исто.. Незнам јас си мислам се само едно исто давам.. Додуша не ни се смета ова како запек значи кака и до 3 пати во денот само топчиња се, што можи и да се смета како промена заради цврстата храна ама мене пак ме фаќа страв..запек би требало да не кака неколку дена и да се мачи а кај нас не е така . Еве ја табелата