Јас, немам време да замрзнувам. Тоа што има во маркет замрзнато, а може синко ( смее ) да јаде ќе купувам. А, сезонско овошје и зеленчук исто ќе му давам според возраста. Од свежо подобро нема. Значи, немам време, бидејќи со синко минимум сме 9 часа сами од понеделник до сабота, а тој поголемиот дел од денот ми е во раце.
Јас од 3ипол месеци почнав со кашички и сокчиња, на адаптирано млеко беше од хип и само тоа и одговараше ама почна да не и стасува само млеко на 1 саат бараше млеко и во денот и давам кашичка само по еден оброк и 60мл сокчиња, дур се навикне пополека.. Кажете ми кога се почнува со кашичка од јагода? Баба на сопругот цело време ми вика да и дадам од јагода и со солено да почнам, а имам слушано дека понатака тоа се дава ама не можам да и објаснам на жената
Денес прв пат ќе и правам домашна кашичка.Само сакам да прашам со каква вода го приготвувате зеленчукот/овошјето со купечка или со онаа од чешма (и ако е од чешма дали претходно ја превривате) Прв пат ќе и дадам тиквица но незнам дали само тиквица или да ја комбинирам со веќе дадена намирница (морков,пашканат) од воведеното само тоа имам моментално дома. А наредно компир ќе и воведам планирам со брокула,бидејки пробав само брокула од хип но не ми ја сакаше.
Јас додека варев во вода ставав од таа каде што се вареше овошјето/зеленчукот. Сега приготвувам на пареа па додавам Ладна (не превриена, дурекно од шише). Едит: имам давано нова намирница заедно со веќе воведените.
Ако си од Скопје немој со таа од чешма многу бигор има. Тиквица можно е чиста да јаде, нема лош вкус. Ако не сака свари пашканат и измешај, пашканатот кај нас дома на сите ни е омилен, станот преубаво ми мириса кога варам
Јас за варење варам со вода од чешма, ама кај нас нема бигор не сум од Ск Новите намирници јас ги мешам со веќе воведени.. Еве ја, не сум батерфлај ама ја имам
И јас не сум од Ск и нашата нема бигор.Ќе пробам да варам со вода од чешма па ако не и одговара на госпоѓицата ќе правам промени
Колкаво е сега бебето? Јагода свежа после година, а во кашичкиве купечки зависи кога сакаш да воведиш.. @dunika дава шмукалче со јагода, обработена била и униптени алергените..јас ќе воцедев сега на 6.5 мес. Ама не најдов со јагода
Дали може тиквичка и компир во исто тенџере да варам? Зошто нели водата од компирот не се давала, а тиквичката се нацицува со вода. Исто ориз по колку грама ставате? Го варите со другиот зеленчук па после ги бркате зрнцата во водата или како ?
Јас заедно ги варам прво компирот да омекни па ја додавам тиквичката.. Пола филџан ориз со 1.5 вода варам јас ако има потреба си дотурам вода..и го цедам низ цедалка за да не ги бркам зрнцата
Јас имам од холле инстант ама пишува само 3 недели после отварање да се користи, мене ми е отворен 1месец и имам само 4-5 лажички искористено незнам дали да го фрлам или да го користам? Ти колку време го користиш?
Ајдеее ова за водата од компирот не сум знаела. Јас се заедно варам. Ориз ставам исто како бејбибој пола филџан и го варам со зеленчукот ама секогаш ставам многу малце вода само да ги облие и покривам со капак на тивко, ако има потреба додавам по малку. При крај го тргам капакот и на најјако да изврие водата, само малку оставам за блендање.
Видов дека така пишува ама уште го користам...нема логика на 3 недели ново паковање да се отвора. Тука еднаш прашав и ми рекоа дека може да се користат подолго време, на суво и темно место ги чувам.
И јас така го чувам , и стварно кој можи да изеде 300 гр.ориз за 3 недели треба секој ден доручек ручек ориз да давам.. Па и јас како што додавам само по 1-2 лажички..
Имам и јас инстант ориз ама секогаш ми се прават грутки. Ставив и жешка вода и ладна, и не го мешав одма и го мешав одма и пак грутки. Како го правиш ти? Ставам 12 грама ориз и 100мл вода.
Јас се инстант кутии имам земено... И на 3 недели ќе треба сите да ги фрлам и нови да купувам. Нема логика а многу бавно се трошат. Сметам дека се најсоодветни за бебиња.