И авокадо и се што не е типично за македонското поднебје Се смеам дека од истата ни се советите ама ќе ја послушам.
За два дена прави 5м..пред недела-две пробавме јаболко, банана, тиква... Се гадеше одбиваше и не продолжив.. Башка од две лажички тиква грчеви премногу имаше дали од неа не знам.. Прашањето ми е кога да продолжиме да пробуваме. Како се гадеше па мислам до година само аптамил ќе пие
По колку гр најмногу може да јаде бебе додека се пробуваат вкусови? Моето некои не ги сака воопшто и ги плука, ама ете тиквата ептен ја бендиса, но застанавме на околу 60гр. Да не е многу тоа? После пола час цицаше
Мене педијатарот ми рече колку што сака-толку,дека нема шанси да изеде многу или да се прејаде. Одбиен вкус иначе повторно се нуди за недела две.
Фала ти. Се замислив искрено да не го прејадов а за вкусовите, нема откажување, мора да се навикнува полека, макар и по малку, макар маскирала со нешто што го сака
Се гади, одбива затоа што не е спремно. Слушај го бебето. На 4 месеци веќе си стигнала да му дадеш дури 3 работи. Избрзано и прерано форсирање. На 5 и пол пробај пак.
Како да продолжи кога се гади и го одбива? Сосила да му пика дирекно в грло дури го голтне? Секое бебе си покажува знаци кога е спремно и тие знаци треба да се следат, не оди се по календар.
Секој почеток е тежок и внимавај на изразување никој не рече со сила,муабетот ми е за вкусови а колку сака толку за се треба време.
Не треба да е тежок почетокот на почнување вкусови. Ако се гади, одбива, не е уште дораснато за да знае како треба да се понаша со цврста храна во уста, треба да се почека, а не да се форсира затоа што не е така безопасно ко што изгледа. Со сила давање само затоа што така мислиш дека треба, а бебето очигледно друго ти кажува. Што си велиш кога го гледаш дека одбива, секој почеток е тежок? Не се запрашуваш дека има некоја причина што одбива? Уште од 4 месеци ќе му се створи одбивност кон јадење заради таквото форсирање и уште на 4 месеци да му имаш воведено толку вкусови, па ни желудничето не е созреано да ги преработува. Кај брзате не сфаќам, има време, ќе јаде.
Можеби треба да ги прочиташ претходните мои мислења.Ни јас не сум за пред 6м.Но секој си одлучува.Со близнаците од 6м почнав прв оброк на 7м. На 8 ипол месеци имаа 2 оброк пред 10м вечера и беа на ад млеко.Бебево ми е 5м цица од 6м планирам вкусови и дали ќе прифати.Сега заради превенција од вируси а прижа вакцини и му давам бејбивит капки вкус на овошје и после 10 дена ги прифати да пие.И јас не сум дека мора се да се проба но некои имаат друго мислење.
Не сум ги прочитала мислењата и не ни можам да ги читам сите мислења на секого. Бебињата се многу едноставни. Кога одбиваат нешто има причина зошто и не треба да се форсира. Толку. Ниту па ќе има некаква штета ако веќе почнала па сега да почека докај 5пол-6 месеци. Нема штета, штета може да има само ако бебето не е спремно, а му се дава сосила.
Мене педијатарот ми рече дека до крај на 6ти месец се живо треба да проба од зеленчук и овошје освен цвекло малини капини и јагоди.Треба 3 оброци да има дневно и 2 ужинки.И слободно може да се мешаат повеќе намирници во 1 јадење.
Така е според светска здраствена организација и на педијатрите им е наложено така.Член сум во многу групи и во Србија од 4 месеци ги тераат мајките да почнат со се и сешто.Според мене е рано ,јас со предвремено родени деца кои незнаеа ни цуцла да фатат ни убаво да голтаат за се си давав плус време и одложував и искрено уживаат додека јадат.2 год се имаат 3 обрици и две ужинки.
Бебето ми е 6+ почнавме со цврста храна кога му давам да јаде бебешки ориз од која и да е фирма околу устата е целото црвено после пола час црвенилото исчезнува дали мислете дека е алергија или пак кожата му е чуствителна. Ви благодарам