И мојот многу сака да јади. Мислам дека по цел ден да му давам да јади и цица нема да се трга Јас во последно време оброци му давам околу 12/1 часот и после одручекта околу 5/6 а во меѓувреме цицаме. Првиот оброк е овошје, 100 гр ссекако јади, можи и 130. Вториот е зеленчук, и од него јади накај 130-150,зависи. Колку грама јади твоето за поручек а колку за ручек ?
Сабајле накај 8h е овошје и гледам да биде до 120гр ама гладен е уште и му ја давам целата околу 160-180гр. За ручек јаде зеленчук и обавезно е голема тегла од 180-190гр. Вчера изеде голема тегла за доручек, ручек и ме исцеди ноќеска од цицање. Од денеска планирам и малку вечера да видам дали поубаво ќе спие.
Овесниве снегулки од кога се даваа, и кога ги воведувате нив а и палента на пример, дали по некое лажиче прво, или цела каша си ја јадат? И уште едно прашање, житарки за поручек или ручек давате, и дали во ист ден смее пример палента за поручек па овес/ориз за ручек?
Еве да пробам и на ова да ти одговорам. Педијатар ми рече најдобро житарките за вечера да ги давам затоа сега ги воведувам. Денеска воведов глутен со шмукaлче на хип, од задутре ќе почнам прво со овесни снегулки, па јачменови, хељда итн. Палента само два пати досега дадов кога немав идеја за доручек. Сите намирници ги воведувам исто, првиот ден неколку лажички, утредента колку сака. Житарките особено треба постепено да се воведуваат зашто содржат глутен. Ако даваш два оброци житарки подобро е да ставиш повеќе овошје да не го фати запек. Спојлер Искрено, не знам што е поручек По логика во реченицата е доручек ама веројатно е 'по ручек'
Поручек е попладне, па значи за ручек (Не сум од Скопје по потекло и кај нас за попладне викаат поручек, па затоа така и мислам). Јас па знам житарките за доручек да се дават. Палента може со јаболко , банана, после кога ќе воведњте млечни - со кисело млеко, јогурт, сирење, цвекло
Мене ми рече доручек овошје, ручек зеленчук и вечера житарки. Нормално, не планирам строго до ова да се држам ама така од прилика би било. А за вечера што даваш?
Мене ми рекоа овошје и житарка, ама откако воведов повеќето житарки, ручек зеленчук +месо преку еден ден или 3 пати неделно. Јас вечера воведов кога веќе му дадов да проба млечни производи. Па давам банана и гриз(готова каша), палента и јогурт, кисело млеко и лепче, сирење(отсолувам во вода) и макарони, жолчка и просо, тарана и нешто млечно, лепче и путер(несолен на Президент) бисквити Лобело и ад млеко(не дојам јас).
Твоето е поголемо, вие веќе си имате голем избор Купив и јас вчера несолен путер, ло бело бисквити (преубави ми се), па уште малку и јас ќе мешам повеќе за доручек и вечера.
Јас за доручек давам или житарка (просо, палента, Семолина) со овошје или зеленчукова каша чија основа е батат, компир или ориз + зеленчук. Ми рекоа дека ако нема житарка за доручек, не е оброк и нема што да му држи. Сега од 7+ житарка и овошје ќе останат за доручек, а за ручек зеленчуковите каши ќе се. Јаде по 130 гр каша и неделно почна да качува по 160-180 гр. Туку сакав да прашам. Петлето што ми го хранеа пропеало и денес ќе ми го спремат. Дали да го варам сосе кожа или без? Сакам сварено со водата во која се варело во теглички да замрзнам.
Јас засега давам како оли за доручек житарка со овошје, а за ручек зеленчукова.. Кога ќе воведам и вечера а тоа нема да е за скоро барем пред 7 и пол месеци за вечера во план ми се млечните каши.. Така ќе има за доручек овошје, за ручек зеленчук и за вечера млечно.. Риба кога дадовте? И како се воведува..Сакам пастрмка да воведам на 7 полни..
Палента кога воведовте? И од кога може да се почне со давање сокче? Не планирам да давам од оние на хип барем до 10 мес. Но на пример јаболко,морков, круша да изрендан и да го изцедам сокчето.
Риба дадов на 10 месеци, според Бебе готвач, а и тогаш и педијатарот ми рече. Дадов бела пастрмка, варена. Најдов рецепти и со печена, но за проба дадов само варена. Потоа како оброк правев по рецепт од Бебе готвач, со компир, ориз, праз, пашканат.. @Dance27 јас сега кога го прашав педијатарот што за ужинка, на 11 месеци ми рече може свежо цеден сок. Јас сокче уште не сум дала, за да не престане да пие млеко или да намали оброк - така имам читано. Но и немам кога, освен сега ако давам за ужинка. Доволно е сега оброци и млеко(дали мајчино или ад) - според мене ова. Палента дадов на 6 месеци
Јас само вода давам сега за сега,ни чај ни сок.Сок од 10-11+ може,цеден домашен. Иначе малце обратен ми е редоследот на воведување оброци од вас.Почнав со ручек,секогаш е зеленчук(+месо),па вечера(житно-млечна каша),ужинка давам два пати finger-food,а доручек од 9 месеци ке воведам.
Палента пробав да и дадам на 8+ , не ја сакаше. Сега на 14+ немам пробано , арно ме потсети да пробам сокови не сака воопшто , и цедев прво сок од портокал не сака , па ајде викав да не и е кисело и го мешав со сок од јаболка , пак ништо