Палента од 6 месеци. Сок и чај досега не сум дала, само вода давам после јадење. @Jana06 Тебе ќе те тагнам, знам дека и ти чекаш петле, но и некоја друга ако знае, ве молам кажувајте како пилешково да го замрзнам. Петлево ми е во фрижидер и сакам да го складирам во замрзнувач, па не знам дали со кожа да го варам и од таа вода да замрзнам со месото или не смее толку мрсна вода да му се дава. Иначе каква е жолта кожава, мм вика дај и ние вакво да јадеме, што се труеме со купечко
Па јас имав во план варено и да ставам во кесички по 50гр со малку од водата, а мајка ми сега ми вика свежо да го замрзнам. Со кожа веројатно ќе го варам, па ќе ја тргнам. А само белото месо се дава или може и копанчињата?
@Jana06 @0ли ќе ве тагнам тука јас ко прашував овие одговори ги добив...И @crazylady го замрзнува живо а мислам дека и @Cherry333..па вие одберете како сакате Јас ќе го варам во експрес лонец цело па после ќе си одделам месо ама не го замрзнувам со водата само месо чисто ќе замрзнам.. ЕДИТ:Јана дуника во една прилика рече дека месото околу коаките тоа потемното е побогато со железо така да сметам и од копанчињата можи да се оддели за бебка
Ќе ме премислите сега..можи да ја замрзнам ама да ја прецедам низ цедалка? Несакам да има онакви мрсни кожинчиња ептен ми се одвратни тие За телешко да така ќе го замрзнам ама од пилешково..
Јас не ставам од водата. Чисто само месо.Пошто само го додавам во зеленчук каде се вари,малку вода ништо не би сменало.
Па и јас така планирав пред крај пред да го варам зеленчукот да го додадам и после заедно да блендирам... А можи и да го изблендирам па да го замрзнам во калап за мраз и да додавам по 1-2 коцки..така ќе имам и малку вода во блендирањето додадено па исто 5-10 мин пред да го варам зеленчукот ќе го додадам за да се одмрзни и да се стопли..
Јас не би го замрзнувала блендирано. Инаку не го доварувам 100%него малку недоварено,па во зеленчукот се доварува. Имам варено и со се додаток зеленчук се заедно за хитни случаеви кога нема да имам време са варам.Само вадам и кратко проварувам. Од телешкото следен пат планирам да земам со коска па од водата ќе процедам и замрзнам во кесичките за мраз и ќе додадам во блендерот.
Оброк е ако има житарка. За доручек со овошје,за ручек со зеленчук за вечера со млеко.Така е додека се воведе месо после ручекот е сличен на нашиот.Ако се даде само овошје без житарка не е оброк туку ужинка.Отстапки без житарки само овошхе е на почеток кога се пробува вкусови и се навикнува на храна. Пример доручек гриз со јаболко,ручек ако не е компир или ориз со зеленчук треба житарка некоја а вечера е житарка со млеко.Јас за вечера долго време ги користев хипп ноќните сигурно до година.Ќе купев 3 или 4 кутии и нив додека не ги потрошев.Па писле почнав со чоколино,ванилино сите тие на лино и најомилено е сега млеко и бисквити
Се вари па се чисти коски.кожа и мрсен дел па го дтавам во нутри булет и после во калапи од мраз со малку вода од каде што се варело.Кога ќе се замрзнат ги вадам коцките и во кесички за замрзнување.3 до 4 коцки се доволни за еден оброк додека се вари зеленчукот ги додавам.
Јас домашно пилешко месо замрзнувам живо. Ако некогаш кожата е потемна ја вадам, инаку не. Јаа барем мислам дека е подобро кога се вари месото да се даде и водичката. Пр. денес варев пилешко, го измив убаво пред да го ставам во тенџере, се вареше околу 1,5 саат дека младо е и во таа вода со месото додадов брокула, целер, пашканат, морков и фиде. Јас знам дека особено ако е со коски месо да се вари е многу добро и водата да се даде. Јас лично не замрзнувам варено месо. Замрзнувам свежо па го варам по потреба. Еднаш само свекор ми имаше донесено телешка коска и ја вареше и ја стави водата во мали ќесенца. И после кога правев ручек пинекогаш во варениот зеленчук додавав од таа водичка, ама тоа беше ретко
Бебе нема да примети, а се е убаво за јадење. Ни јас не јадам мрсно а синко јаде се. Да да, јас и телешко и пилешко варам со коски.
Од сабајле бисквити или ете малку гриз или палента колку да не биде само овошје. Засега вака, па понатака ќе му ставам и во доручек.
Јаа не би го замрзнувала блендирано по логиката дека така е како мелено месо, а мелено месо има покус рок. Во парчиња ќе го замрзнам, па во моментот кога ќе давам, тогаш ќе блендирам.
Оли јас ќе замрзнам мала количина да речиме за еден месец да имам, доволно ми е едно калапче за мраз да наполнам значи нека има одприлика 10-12 коцки..па ко ќе ги потрошам пак ќе сварам и пак ќе замрзнам имам во секое време од кај да купам, а и не сакам да чувам долго во замрзнувач..