Којич ли? Моево бебе јаде обавезно житарка и за доручек, еден дебел што е, килажа на 11 месеци како пола 6 месечни бебиња на форумските мајки
И јас со овошје го комбинирам ама со секое што го имам моментално дали банана,суви сливи и кајсии, круша, јаболко..
Јапонско јаболко кога дадовте? Нели сезонско е сега па ако даваме сезонски незнам дали смеам јапонско за една недела 7 полни бебка?
Дали некој го има Големиот готвач за бебиња и деца и дали вреди да се има? https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13627
Јас ја имам книгава, на подарок ја добив. За бебиња искрено нема нешто многу рецепти, повеќе е за мали дечиња, има интересни рецепти, но има и доста намирници кои ги нема во Македонија или ние не сме слушнале за нив пошто мислам германска е книгава
Јас на 6м палента и ориз па после 2 недели просо така планирам на 7м гриз,овес.Киноа и амарант после 9м кога ќе има сите оброци па за да сменам.
Кокосово масло освен оние во тегличка по 250гр има ли и во други амбалажи.Немам 1 година веќе влезено во маркет .Или кое го зимате и од каде.
Читав критики за книгава, во однос на недоволни/непроверени информации, мед во фингер фуд пред годинка, рецепти кои се табу за секојдневна употреба, зачинување на првите кашички со сол и бибер и сл. што ме предомисли да ја купам
И јас сакав да дадам, но потоа ми текна дека ми рекоа до 1 година свежо овошје да не давам, а јапонското нема како да го сварам. Можеби цело ако се стави во вода да се вари или на пареа да се зготви, нека каже некоја ако така дала. Кокосово јас не консумирам, а не би дала ни на бебе. Го качува и лошиот холестерол. Го користам само за шлакање на кожа, инаку земам мала тегличка од Биокосмос