Може ли да ми кажете каде има производи на Биокосмос, гледам од таму купувате просо и слично, сега ќе одам во мк па сакам да земам од таму производи? А и од која паста давате за прв пат и кое к.млеко, сиренце? Треба да воведеме млечни па да знам од кој да купам. Фала
http://www.biocosmos.mk/ можиш од страната да порачаш. Немам видено во кои маркети ги, можеби во големите веро, тинекс, рамстор. Јас почнав со кисело млеко од кораб трница по совет на членка.
Кој ти рече да не даваш свежо до година? Мене Марина ми рече после еден месец не мора термичка обработка и јас веќе 2-3 недели овошјето не го варам, свежо го јаде
Мене некни на контрола ми рече докторката да ги варам јаболкото и крушата заради течните столици..па јас викам ги варам не давам свежи..Е па вели немало потреба да вариш можи и свежи ама сега додека кака течно вари ги.. И така јас ги варам и ќе ги варам и понатаму
Добро е, полесно ми е Поедноставно ми е сабајле да му ја спремам кашата свежа зашто обично цица накај 6h и до 7h веќе плаче за јадење, а ако треба уште да ги варам, па да чекам да се лади... Вака само лупам и блендам.
Мислев за поголемиве дечиња да го користам во колачи и за маџун ми рекоа да не користам така да ќе терам по старо
Мене матичната ми рече уште од одма да давам свежо. Не ја послушав, сега за сега го варам. Од следен месец веќе свежо ќе давам.
Ние уште не сме почнале со цврста храна, ве читам за да бидам запознаена барем со основните работи. Искрено, некако комплицирано ми изгледа . Овие киноа, амарант, мора ли да им се дават на бебињава? Мислам јас лично не ги консумирам, немам ни ги пробано. Затоа прашувам мора ли да се дават?
Не мора, јас планирам да ги давам после 10 месеци (ако ги давам). Се нудат за да има поголем избор на храна, зашто на почеток се врти истото цело време.
Не мора, и јас до 10 месеци сигурно нема да му давам од нив. Киноа сум јадела, но амарант никогаш не ми текнало. Ќе пробам заедно со малиот ако му дадам.
Неуспешна мисија, не сака да проба не знае уште да џвака а гледам од 8 месеци се учат бебињава на finger food ние уште не. Како да се научиме совет некој 10 + сме имаме 9 забчиња..
Јас ништо што давам на бебе уствари не јадам, просо, киона, овошје слабо, житарици, овес, палента, брокула, карфиол ... се тоа е здраво за бебенце, прати ја темава има многу корисни работи кои ќе ги научиш
Има некоја давано од лино кутиите? Имам неколку добиено за поклон и не знам дали да давам од нив.. Гледам шеќер има во нив.
Моите со лино флипс смоките и лобело бисквити,ама после година.Па лебче она што они сакаа и после 18м почнаа повеќе работи.сега се 2 год и уште пасирам некои работи.
Јас се во нутри булет и палента.Сменив после тоа ориз палента така, компир варен пасиран,месото во манџа мелено,супа со зеленчук се рендано и многу варено и пак требаше едно 3 месеци да почнат да јадат.Менувај структура и постепено.