И мене исто, ми рече овошјето свежо, но јас почнав со јаболко и кратко го варев малку да омекне, не ми идеше некако свежо да дадам од старт.. Следно дадов морков,всушност понудив, таа не сака ни да го помириса, уста не отвора... Да пробам да го "маскирам" со јаболко или да одам на нов вкус па морков да оставам за некои подобри времиња?
Јас прво дадов само морков, следниот пат морков со јаболко. Кај мене синко го јадеше и така и така. Пробај со јаболко ако не бива остај за понатака.
Исто и со мојот беше, чист морков нејќеше за жива глава, а мешан го јаде секако. Маскирај го колку да го проба, секако чист морков нема да даваш.
@lavinija28 карфиол, брокула и компир. Карфиол, компир и морков. Карфиол, брокула и морков. Спанаќ и ориз, спанаќ и компир. Спанаќ, морков, батат. Карфиолот се бланшира 2/3мин, се остава да се излади и се замрзнува. Јас имам едно прашање. Денес синко изеде едвај 50гр слива. Вчера изеде 120гр тиква. Дали пак да му ја понудам покасно кашичката или тоа е тоа? Немам воведено ручек, за една недела ќе воведам. И дали ги топлите готовите каши и како? Пример денес му остана пола каша, ја ставив во фрижидер, утре како да му ја дадам?
Јас ја нудам кашата во рок од еден сат, кај мене бебево јади на рати и неколку пати ја нудам. За наеднаш цело јадење да го изеди треба да е толку гладна да стигни дури до плачење. Готовите каши не ги топлам, само ги вадам од фрижидер да стојат на собна температура.
Јас не планирам засега да давам од нив, барем не засега. Тоа што јадиме ние, што го има кај нас тоа ќе му давам. Исто така и авокадо не планирам да му дадам за брзо колку сака нека е здраво, јас прв пат пробав на 25-26 години, не мора во првите продукти да се воведе. А за овошјето, не знам точно кој педијатар беше на нулам+ емисијата на телма рече да се дава свежо. Само првите 2-3 пати рече може да се свари за да се поднавикне бебето на цврста храна, а потоа да не се вари.
Нема проблем со карфиол и брокула заедно? Моево и посебно кога му давам цела ноќ немирно спие и крева нозе. Ептен ми е страв, секогаш по малку му ставам. Готовите каши ги вадам од фрижидер еден саат пред да јаде, не сака топли каши, плаче ако не е изладена. Домашните каши ако не ги изеде одма, му ги нудам во наредните 2-3 саати, ако не сака јас ги јадам или фрлам.
Па има на некои деца/луѓе им сметаат карфиолот и брокулата, на некои не. Ако му ствара гасови тогаш тоа не е добра варијанта. Ама ако не му ствара може да се комбинираат. Синко нема пробано уште, ама јас ги имам тие варијанти јадено и се вкусни, не ми направиле никаков проблем. Ако не му прават и на него ќе му правам и јас такви комбинации.
За неколку дена малото ќе полни 1 годинка. Дали можам да дадам кашкавал или павлака или да чекам уште? И од која фирма земате? Јас сирење, јогурт, кисело млеко земам на Бучен Козјак.
Мајки здраво Колку оброка имаат вашите бебиња од скоро 8 месеци? Од утре тргнувам на работа и денеска се чувствувам ептен тажно, ми паѓа тешко уште сега што ќе ја оставам ... Малку беше настината па и заби вадеше и многу малку јаде деновиве. Незнам како ќе ги помине тие саати без мене, цицаме уште а друго млеко слабо прифаќа. Дајте некој совет од 7 до 15 нема да сум дома...
Јас исто ме фаќа 8+ кога ќе почнам ме советуваа додека не сум дома да не се дава млеко.Доручек,ужинка па ручек , од течности вода.Јас мислев со адаптирано ако прифати но педијатарот ме советува дека нема потреба па како ќе биде ќе видиме.
Јас му дадов павлака пред година,кашкавал околу година ама кашкавалот не ми го сака. Павлака купувам битолска или од кораб трница.
Многу брзо те викнале на работа, баш безвезе. Не се нервирај, треба време да се навикнете, околу цицањето еве јас сум дома, па тој период некогаш цица, некогаш не. Се буди накај 6-7h и тогаш цица. Доручек е 8-9h и спие од 9-11h, ручекот сега го поместив 12-13h и накај 14.30h му е втората дремка. Така да, многу ретко бара да цица овој период. Оброците му се колку што сака и веројатно не е гладен, цица 1-3 пати преку ден и ноќеска зависи. Јас мислам немаш потреба од вештачко млеко, евентуално да се измолзуваш. Со лесно на работа.