Амарант со што комбинирате? Незнам овие житаркиве сите одат со овошје и зеленчук или има која со што оди?
Колку и како приготвувате ориз на Хип за прво пробување? Може ли само со вода или мора со млеко/млечна формула/овошна каша како што пишува на упатството?
3 оброка имаме сега на 8+. Незнам дали ти фаќа шише да и даваш молзено како што ти даде предлог @Jana06 ?
Јас само со вода имам правено до сега. Исто овде имам читано дека мајкиве даваат со вода за бебето да сети поинаков вкус од млекото (мојот од холе е)
Бамја кога може да се воведи? Моцарела со што да се комбинира и кисело млеко освен со палента со што можам да го давам??
@Jana06 Многу било тешко да се одделиш од своето дете. Денеска се чувствував многу тешко, емотивно, паметот ми беше кај неа цело време. Кога влегов дома а тоа со оние мали очиња те гледа и се смешка неможев солзите да ги запрам.... Денеска за тоа време додека дојдам изела неполна кашичка само од малите теглички на Хипп и тоа со молење цело време по некоја лажичка, јаболко малку грицнала и неколку голтки млеко. Цело време била кенкава некако. Откако дојдов се нацица и заспа. Со шише има пиено мое одмолзено млеко. Успеав со мака да одмолзам околу 100 мл и ќе пробаат утре да и го дадат тоа.
Можам само да замислам Веројатно е тешко на почеток, после ќе се навикнеш Нели може да ти го дадат саатот за доење што ти следува? Да работиш само 7 саати?
Молзи се на работа во термините кога цица како дома кога си.И мене ми е цело време паметот како ќе биде за 2 месеци почнувам со работа иако не ми е прво дете ама близнаците ми беа на ад млеко и пак 15 месеци бев дома се пополека и оброци и ужинки и навики за јадење и они си се двајца не им треба никој важно да се заедно.Бебчево е подруго додека сум излезена на прошетка со близнациве дали 30 мин или еден час и тоа секој ден само им кенка значи во раце го држат и од врата штом ме види плаче.
Од прилика се правам..незнам точно баш дс ти кажам.Ама ставам вода ставам ориз и мешам и потоа додавам што фали
Бамја немам дадено. Моцарела со тестенини некои можеш, сакам да му дадам со тоа и сок од домат. Некогаш и му давам во комбинација со кисело млеко ило јогурт во тестенини или палента зошто е леплива. Кисело млеко исто можеш во спанаќ и ориз, или со боранија зошто не е баш највкусна. И со овошје некои го даваат како овошен јогурт ама не го сака бебе. А можеш и со лепче само кисело млеко некогаш, јас му давам најчесто за ужинка или кога не гледа дека јадеме нешто што не пробал па да го залажам зошто цело време е зинат за кркање.
Јас после годината му дадов кифличка да проба нели тие се мачкани одозгора со цело јајце така ја воведов.
Сакам да воведам и ручек. Доручекот ни е кај 9 ипол, да имаме еден подој па ручек отприлика кај 12-13 часот, од утре сме 6 месеци. Каков е распоредот со оброци кај вас?