По колку ти јаде за доручек? Мојата по пола тегличка од хип јаде зависи некаде од 60 до 80 грама и се собира да изеде,и после пола саат и давам ад си пие по 90 до 120гр. Пробав и ручек но тешко не сака едвај третина од тегличката јади па ќе го одложам засега ручекот,ке пробам за недела време повторно.
Од малите теглички по пола ми јаде, кога има кајсија може и 80 грама да изеде, и ставам семолина или лобело бисквита за да ја држи барем саат до саат ипол,инаку така без ништо бара да цица за кратко. Пробај размешај со житарки повеќе време ќе ја држи
Го исеков на помали парчиња го измив убаво и во вода што врие ги ставив цветовите 4 минути после ги извадив и во ладна вода 2минути ги извадив да се исушат убаво и во кесички и во замрзнувач.. си вадам по потреба
Со што давате кисело млеко и моцарела и од кои? Имам пробано домашно и битолско кисело млеко а моцарела од цотт со палента и макарони и лебче ама не сака изгледа млечни производи инаку на доење сме па можно ли е поради тоа да не ги сака?
Јас кисело млеко користам од кораб трница по препорака на членка а досега само со палента го имам дадено и многу го јади така, еднаш пробав како овошен јогурт со овошје и житарка и не го сакаше, а моцарела немам дадено, купив к баш прашував и ми пишаа со макарони ама не знам кога се воведува макарони, моето ќе прави 8 месеци за 3 дена. Можи ќе пробам со просо и со домат.
Го додавам во зеленчукот и месото што го варам да се свари да омекне убаво и после блендирам се заедно.
Мене ми рекоа кога ќе стане млеко, доручек со овошје во 9, во 12 млеко, во 3 ручек зеленчук, па пак во 18 млеко. Така ќе ми бидат распоредени кога ќе направи 7 месеци.
Скролав низ групата Здрава храна, здрави деца и пишува дека палентава на биокосмос била со кинеско потекло. Моментално не сум дома да видам баш дали пишува. Некако шубе ми се направи. Пишале Даверт, таа на био космос или некоја од зегин демек подобри опции Едит глеам на странава Италија пишува, уфф у македонијава да не знаеш што купуваш ама веќе.
Од февруари истото ме чека...ми паѓа мака, кога станува малечкото бебенце најинтересно започнувам ма работа
Ја спомна базата. Давам компир, ориз и батат како основа (толку имам воведено за со зеленчук, а просо, палента и Семолина за со овошје) и на тоа комбинации од остатокот од зеленчукот што досега го пробал. Океј е, така? Што може друго да воведам? За некој ден прави 7 месеци и би сакала да воведам и други работи за да имам комбинации, вака вртам само неколку со овие. Глутен сакав да почнам да му давам, па со што може да почнам?
@0ли таман си.И јас истиве ги ротирам,плус тиква,ем сезона и е. Житарките ми се резервирани за вечера(млечна каша),па не ги давам за ручек. За глутен,со пченица почни си,класика.Можеш со тегличка која веќе содржи,да си купиш кесичка цело зрно и да сомелиш сама,или па гриз(има Био во Дм мислам). Иначе,ова Семолина,на што се однесува?Јас знам дека е гриз,на италијански само,ако е пченичен,веќе ти е воведен глутен. Сликај ми ако можеш,да решиме мистерија)
А тиква како основа користиш? Имам прекрасни три големи домашни и му ги давам, обожава. За ручек од 7 месеци ми рекоа зеленчук и месо да давам. Добро, вечера понатаму ќе има, сега од 7 месеци ќе има два оброци (доручек и ручек). Семолина е гриз, но пишува дека е без глутен, а педијатар ми рече да си воведам веќе и глутен.