@0ли оризов гриз е. Имаат Хип и Холе пченичен во кутии,земи си такви,практични се. @Sofi.ja од она што читав,првично е гриз од Дурум пченица,онаа кога се користи за производство на тестенини.Нејсе,елабориравме дека е гриз) Оли,да,користам и тиква како основа.Од 7 мес дадов и спанаќ по малку(високо нитратен е),грашок,црвен кромид дава одличен вкус,карфиол можеш,брокула,праз,во овошните каши ставам по лажиче цврст јогурт,пченка дадов(смрзната не од конзерва).
Ќе земам од аптека, но ќе почекам некој ден за воведување, вчера прими вакцина и ми рекоа да не воведувам ново една недела. Претпоставувам поради ротата. Се мислев блитва да дадам, имам убава домашна, кромид и праз ми се исто така во план, а брокула и карфиол ми се воведени. Ми рекоа и боранија и грашок дека може. Млечни ме советуваше педијатарот да почекам.
Најчесто користам од готовите инстант каши кои веќе содржат млеко,омилена и е просо на Холе.Хипп ноќната,Нестле со јаболко..Гриз имам направено со свежо пастеризирано млеко,3,5 % масленост,во сооднос пола/пола вода.
Јас последнава недела имам проблем со нејадење. Само палента со кисело млеко може да изеде цела и вчера доручекот. Другите оброци само половина ги јади или третина. Утре правиме 8 месеци. Дали е период само или вака ќе биде и понатаму.
Ние за некој ден 8 месеци и истата мака. Несака воопшто да јаде Јас почнав со работа но изгледа ќе морам да оставам.. Дали ќе и излегуваат горните кецови па одбива храна незнам... Едвај две три лаички јаде а камо ли цела каша
Се уште немам воведено житарки, купив од Хип оризова и пченкарна, со која е подобро да почнам и дали може да мешам со нив и некој зеленчук?
@srce-9 да се надеваме дека е само период. Мојата уште нема заби извадено ама нема ни некој знак за вадење.
Фаза е,пишав и јас пред некоја недела баш овде.Ручекот одбиваше да го јаде,или па само од купечките каснуваше по некое лажиче. Не знам дали е од заби,на мојава и беа веќе излезени. Не се грижете,ке им се врати апетитот,само трпение
Просо варам едно филџанче ептен мало со три филџанчиња вода, а му давам третина од вкупната количина на кашата. Остатокот јас го дојадувам со сирење
Има замрзнат во маркетите од фриком. Има и свеж во кесички во подобро снабдени пиљари ама треба да начекаш.
По колку од прилика им давате лепче на 9 месечните? Ова моево скоро две недели што и да му спремам па и купени не сака со лажичка да ги јаде, морам да топнувам со лепче за да јаде инаку воопшто не отвара уста.