Јас и давам корка и сечам во должина и и давам, си ги глода жлебинките повеќе отколку да јаде, го плука ако гризне малку, не јаде.
Ако може да ме просветлите малце, правам план за намирници и сакам да знам, секако е рано за жолчка. Жолчката се пробува 4 недели нели, во тие 4 недели се дава друга нова намирница или не? После колку време би имало реакција од жолчка? И дали има мајки вегетаријанки? Имам познаничка која јаде само пилешко и кога на бебето му даде телешко имаше реакција, докторот и рекол дека можно е зашто не јадела телешко месо додека била трудна. Дали е навистина можно такво нешто?
Не знам дали до толку може да се генерализира дека за се' би било така, како за месото кај другарка ти, ама точно е тоа дека и од тоа што се јаде во бременоста и во периодот на доење бебињата ствараат одредена имуност спрема некои алергени со кои подоцна се соочуваат. Затоа се и најновите препораки, да се пробуваат најразлични намирници (согласно возраста), бидејќи така се тренира и самиот организам за полесно да ги поднесе.
Дали кога воведувате нова намирница првиот ден ја давате само таа? Или може во комбинација со веќе воведените?
Moeto e neceli 11 meseci i veke mu imam vovedeno belka, nasiot pedijatar veli deka samo dokolku postoi istorija na alergija na nekoj proizvod vo semejstvoto da se priceka da napolni godina, a se drugo moze da se dava.
Слободно додавај нова на веќе воведените.Давањето чиста намирница не толку ради реакција,туку да го запознае вкусот на истата.
Баш затоа прашувам, овошје може,зеленчук - повеќето се ок за чисти да ги проба,но како би дала само просо на пример кога и јас сама не би го јадела така.
Имаше некои такви теории, дека ако мајката јаде јатки во бременост (ова за јатки конкретно го имам прочитано), шансите за алергија кај бебето се помали. Јас не јадам месо, млечни, јајце; бебево од сѐ има барем пробано, нема реагирано на ништо. Едит да се поправам, реагираше еднаш на белка, му се појави дерматит на едно место, ама тоа само од јајца од конкретна фирма. Кога му дадов од тие претходно што ги јадел, беше во ред.
Мајки овие ноќниве каши се даваат вака како што се или се додава некое овошје? Зедов од холе со банана и од хип со јаболко и една со беби бисквит.. Доволно се овие три да ги ротирам? Краток рок имаат и ако изнакупам повеќе ќе треба да ги фрлам..
Мајки 9++ сме па сакам да му направам палачинки со банана па дајте некој рецепт.. Имаме воведено само жолчка и на доење сме така да ако знаете некој рецепт да не е со ад млеко туку со вода и може со жолчка пишете ми.