Мајки детево мое сака само да јаде. Кога му давам јас со лажица плука. Па затоа земам две лажици ја полнам едната и си ја зима и јаде, кога ќе ја излиже ја пушта и му подавам нова полна лажица. Прави лом насекаде и се валка целиот ама јаде, не брмчи, не се буни и не плаче. Дали тоа би можело да значи дека е спремен за blw, дали да пробам?
1 банана 8 лажици овесни снегулки 1 јајце( ти можиш само жолчката) и додади 1л.кисело млеко како замена за белката Малку цимет.. Се блендира сето заедно и се пржат на сосем малку намрснета тава со путер..
Леле истото ми го прави, после третата лажица што ќе му ја дадам, уста не отвара дур не му дадам сам да ја стави вуста. Лом е и кај мене, цел ден нешто собирам од под. Ама пак се плашам за таа медота, ептен големи парчиња им даваат. Незнам и јас како да продолжам. Ако има некој да не посоветува убаво ќе е.
Од вчера полни 6 месеци. До сега давац вкусови и само јаболко крушка тиква тиквица морков Ја купив бебе готвач но сепак ќе прашувам на темава . Пошто низ темава читав амарант и киноа да не се воведуваат во 6.месец А во табелата од книгата си ги пиши ... Поточно многу сум збунета но ајде полека ќе одам
Може со вилушка да ги изгмечиш варен зеленчук,компир варен,ориз варен ако јаде.Има кашички на хипп каде оризот не е пасиран.
Не сме почнати со цврстава храна мали сме уште,ама онака си ја читкам темава понекогаш. Ме интересира оризот како го приготвувате, и во комбинација со што? Бел ориз обичен се дава? Варен ли, печен во рерна,каков? Мислам дека од почетокот на воведување цврста исхрана се воведува ориз..
Житарки воведував кога почна оброк да има, претходно само овошје и зеленчук пробуваше еден месец. Почнав со палента, просо и ориз. Бел ориз варен, со друг зеленчук. Прво инстант зедов од кутија, па после дадов зрна.
Мајки кога почна синко да пробува вкусови ни одеше одлично. Еве неколку дена ми забушава кога ќе му дадам пример: ориз, морков и телешко или ориз со пилешко. Со овошјето сме одлично. Дали е до скокот (5 скок) или нешто друго?
Мислам дека е период,исто и кај нас е деновиве. Кога почнавме со вкусови супер без проблем и противање си јадеше. Еве последнава недела две три лажички и се тргнува и плаче дека е гладно,и ќе и дадам ад си пие без проблем 150мл а до пред две недели со млекото мака имавме не сакаше да пие едвај по 50мл пиеше.
И синко 2 или 3 лажички и се трга. Почнува да плаче, бидејќи е гладен. Му правам АД 200 мл. и го пие. Да се надеваме дека е период (скок). @Dance27
Едно прашање за поискусните . Мажот ми купил од најголемите блендери, со стаклена чашка од 2 литри. Ќе можам во него да правам кашички за бебе или ќе ми стои како сувенир дома? Мислам реално сигурно не се прави мала количина во толкав блендер или можно е?
Освен Be Org, која друга продавница има органски производи во Скопје? И да се редактирам, некоја посигурна месара да купам бифтек?