Мислам дека е големо тоа, а мала количина е за блендирање. Кога купував, читав дека е најдобро со рачен блендер и го одбрав тој со најмал сад за блендирање. @Jana06 Во Веро 2 тазе на два дена носат преку недела, околу 1600 е килограм.
Сакав да нарачам ама до вторник траат нарачките, а ми треба зеленчук за утре затоа барам друга продавница. Вака ок ми се гледаат, фини се и достапни. Имаат и сертификати за производите.
Еднаш имам купено од продавничката кога не стигнав на време да нарачам од Be org. Инаку редовно порачувам од Be org, во Добра земја немаат баш секогаш тоа што ми треба. Сега гледам имаат и можност за онлајн купување.
А дали имаат достава за други градови? Не знам дали е во ред свежа храна со карго да земам, да не се упропасти.
Не знам ама можеш да им пишеш, ќе ти вратат брзо. Отворив сега да нарачам од Добра земја ама само компир имаат од зеленчук. Не знам од каде да барам, ич не ми се даваат купечки кашички, домашните ги обожава.
Кога воведувате нова намирница со веќе воведена, ставате мало парченце од новата во кашичката и не ограничувате изедени лажички, како кога се воведува чиста...? Какво масло користите, ладно цедено маслиново или рафинирано репка? И околу ова има полемики гледам И крајно, глутен кога се воведува има ли некој посебен ред како се дава(колку денови, која количина..) Инаку вода не пие никако, чашки, шишиња, клунчиња, лажиче НИКАКО кога ќе го види шишето го турка, го тепа, ако дадам со лажичка ја плука, се мршти, ако претерам почнува и да ржи whew:
Еве денес воведов прв ден кромид, ставив ептен малку во кашата со други зеленчуци и си ја изеде цела. Утре ќе ставам малку повеќе кромид и задутре уште малку повеќе. И сметам дека кромид ми е воведен. Масло користам маслиново ладно цедено. Глутен ми рекоа веќе да воведам, 7+ е, па планирам деновиве да дадам, чекав да помине некој ден од вакцините. Ќе ставам овесни снегулки со глутен во овесна каша од овесни снегулки без глутен. Прво малку, па третиот ден планирав да е кашата со снегулки со глутен. Житарки секогаш ставам третина од количината на кашата. Јаде 150 гр каша во која житарки се 50 гр. Истото со водата и мене ми правеше, ми 'ржеше, баш пишував овде. Не е воодушевен од водата, не ја сака, само со чаша му е интересно или успевам да го излажам со лажичка. Едвај. Но уште си цица, па се тешам дека е хидриран.
Фала ти ептен. Така правам и јас со новите намирници па реков чекај да препрашам, да не треба поинаку... Убаво си смислила за глутенот, зедов и јас инстант овесни без глутен, планирам деновиве да дадам од нив полека да пробува. Не сум дала сеуште житарки. Зедов и такви за шмукање со бисквит гледам и во нив има глутен. За водава ептен ми е мака, што не сака да пие цица да, ама некогаш ќе изеде 100-120гр кашичка па не можам веднаш да понудам града, треба малку водичка да се напие после оваа количина кашичка... Пред некој ден му направив круша, со сува слива ама ептен течна, па така подметнав вода, цела ја изеде Ама мора да се научи да пие и чиста
Други поинаку воведуваат, јас вака правам засега. Инаку, житарки треба да јаде инаку само овошје не држи. Ги гледав и јас тие кашички со бисквити, но не сум дала досега бисквити и не знам дали воопшто ќе давам засега. Се согласувам дека треба и вода да пие, но не се секирам нешто многу ако испие малку, полека ќе се навикне. Пробај со млака вода ако не си пробала, можеби полесно ќе прифати.
Па ги зедов овие од хипп, гледам нормален состав имаат, без шеќер и некои непотребни додатоци Планирам 6 кога ќе наполни да добие цел оброк ручек, па понатаму останатото А, во меѓувреме ќе пробуваме безглутенски житарки Ајде да се надеваме дека ќе пропијат вода
Јас со такво шмукалче воведов глутен на 6+++, му направив овошна каша и ставив малку од шмукалчето. Утредента го ставив остатокот исто во овошна каша. Бисквити ретко ставав (само кога шетаме од сабајле), инаку си цица до ручек колку сака. Сега ќе почнам од сабајле по малку житарки да ставам во доручекот.
Период е исти бевме на почеток дури и зелнчукот го сакаше а овошјето не.. да не те разочарувам ама кај нас тој период траеше некои си два дваипол месеци
Да пробаш да му ставаш путерче малку? Кромид, тиквица и пашканат исто даваат преубав вкус. Ако е до скок или заби нема да јаде ништо. Може вкусот на кашите што ги наведе не му се допаѓа. Пробај смени нешто. Моето на пример, не сака топло да јаде, мора скроз да е изладена и сака да пие вода за време на оброкот. Така уствари почна повеќе вода да пие, плачеше додека јадеше и пробав му дадов вода се смири и така открив. Сега вкупно за време на еден оброк пие минимум 50мл.
Блазе тебе со водава Мојов лапа како да не видел, ништо друго не гледа пред него, само е зинат, за 5 минути е готов со јадењето и се буни ако понудам вода
Уфф да знаеш како се нервирав дека не пиеше. Му ги правев кашите течни за да внесува вода. И ова ми беше големо изненадување. За лапачка исто Ако се свртам на страна одма кенка за побрзо да му давам, па воведов мал оброк за навечер зашто малку му беше цицањето. Затоа и не давам житарки за доручек, се плашам да не внесува многу калории, па дебелко да испадне ама лаком цицач и јадач е. Да ми помине изолацијата го носам на педијатар и кс да правиме, да видам дали сме на добар пат
Не бе кај дебелко да испадне, тамам ќе си е. Ти нема многу да даваш, малку колку да држи. Моето качи 500 гр за еден месец затоа што давав повеќе млеко, од житарките сигурно не е. И ич не е дебело, шланг е, жилав и витален, убав на мајка Од што пие сега вода? Уште од чавче за ракија?
Само од чаша за ракија Сега за викенд кога бевме во Берово во ресторанот си носев наша чаша замотана во салфета, па на идење се правдав на келнерите дека не ја крадам туку од дома си ја носам Само нека пие. Ајде ќе воведувам житарки со овошје од сабајле туку се мислам за вечера како да правам кога ќе ја зголемам, дали чиста житарка или да ја мешам со нешто? Имаш идеја? Колку што знам не е препорачливо овошје за вечера, млеко не можам да измолзам. Не знам дали со ад да мешам и на кој начин. Или да пробам првин ако ја јаде чиста така да му ја давам.
А како чиста? Мора да ја измешаш со нешто поради густината, дали со вода дали со млеко. И јас не сум за овошје навечер, што знам, шеќер е иако природен. А дали житните каши за добра ноќ се океј за давање? Моево далеку е од вечера, но размислувам што може да се дава. Бидејќи пие млеко во периодот кога ќе треба да вечера, претпоставувам дека млечна каша треба да се дава.