Чиста мислев само со вода, без овошје или млеко. Му купував од тие за добра ноќ, ептен малку изеде не му се убави ама пробај може ќе сака твоето. Ќе пробам само со вода, па ако не сака ќе купам ад.
Можеш, јас имам таков, не купував посебен зашто уште тој ми фалеше. На почеток кога јаде две три лажици ќе фрлаш ама еве сега кога јаде по 150грама не фрлам. Пример денес ставив една јаболка и една лажица варено просо и супер беше. Ако некогаш ептен не ти се меле ќе додадеш малце водичка. @Jana06 Добра земја имаат продавница можеш да одиш да купиш. Онлајн и јас видов дека немаат избор. Иначе и јас порачувам цело време од бе орг, супер се.
Би сакала ако треба млечна каша да е за вечера, да може да ја правам со Аптамилот бидејќи тоа пие и не би сакала да мешам други млека. @Butterfly1107 Каде имаат продавница?
Добра земја имаат продавница кај катастар, значи ја поминуваш зградата на катастар, ја поминуваш раскрсницата и првата уличка лево што влага во паркингот. Ама и јас како Филотеа кога бев не можев да најдам се што ми треба. Од бе орг ми е подобро. Пишува дека праќаат по карго. Може да прашаш како ги пакуваат при транспорт.
Мајки, малото ми е 5м и 1 недела. Од 4 и една недела почнавме со вкусови и веќе има оброк. Му давам домашни приготвени кашички во една тегличка од Hipp од 125гр . Некогаш ја јади целата и бара уште. Не знам дали е во ред да му давам повеќе? До колку можам да давам ако сака? И дали откакп воведовте цврста храна многу им се промени каката на малите? Порано полнеше пелена еднаш дневно или на два дена и беше потечно со златна боја, а сега скоро секоја пелена е полни по малку и каката е цврста и со потемна боја без разлика дали јадел морков, круша или јаболко
Јас мешам некоја мала количина со веќе воведените а следниот ден ставам повеќе. Глутен воведов баш два дена пред да прави 7 месеци. Зедов од шмукалчињата со глутен, првиот ден дадов 3 лажички и си продолжив со веќе подготвената каша, вториот нешто повеќе а третиот му дадов цела таква кашичка (шмукалче). Денес прв пат воведов спанаќ (готова кашичка од холе плус со компир е). Дадов 3 лажички од неа, па продолжив со мојата направена. Утре сакам да му измешам со таа што ќе му ја правам дома.
Кака двапати на ден, погусто е поради кашичките, а бојата зависи од тоа што јадел. За количината не знам, на 6 месеци давав 120 гр, сега на 7 месеци му давам 150. Можеби е најдобро да се консултираш со педијатарот. Како бара повеќе? Плаче откако ќе изеде? Прашувам бидејќи не се бунело моево на никаков начин откако ќе ја изеде количината што му ја давам.
Ние сме на доење , веднаш каката се смени штом почнавме со цврста храна. Кака не многу количински,по малку ,два пати на ден скоро. Бојата е претежно потемна, сега еднаш беше и малку како портокалова (давав тиква), некогаш има и зеленкссти траги (мислам од брокула/тиквица). Сега сме 7+ сака и повеќе од 150 да јади .На почеток и јас во тие малите мерев од 127 и сакаше некогаш уште, па одма давав да цица. И јас не знам колку му е доволно)
Да. Буквално се буни за уште. Ако му дадам млеко ( на АД е ) не сака, а ако му понудам од кашичката одма се смирува и јаде. Не е некој што пие многу млеко и затоа по препорака на педијатар почнавме рано со вкусови. Ќе ја барам утре да видам што ќе ми каже
Си сака храна, ти го лажеш со млеко Супер штом сака. Претпоставувам дека ќе ти рече да зголемиш количина, но прашај си за сигурно.
Кога ви останува домашно приготвена кашичка ,ја давате ли следниот ден? Јас ја ставам во теглички кога правам повеќе...недопрена е ...едино ако не ја изедам јас
Исто и синчето пие вода, со зеленчукова каша посебно. Така се лажиме со вода или чајче, во спротивно не сака да јаде. А вода, чај да му давам цел ден ќе си пие само максимум 100мл му давам во денот ми е страв да не се оптеретат бубрезите. Кога се воведува трет оброк? Спрема што се гледа?
Па следи го детето колку му се јаде само нека има минимум 2 недели меѓу воведување оброци. Јас давав доручек и ручек и навечер ми кенкаше како гладен кога е. Му давав да цица, лакомо цицаше ама пак продолжуваше. Пробав со 30гр каша, се смирува и убаво заспива. Полека му ја зголемувам вечерата додека да стигнам до цел оброк.
Ич не е по јадењето, му давам наутро житарка со овошје тоа го јаде скоро секогаш, а за ручек зеленчукова ама со сила јадиме. Млеко пие на 3 часа (освен кога има оброк) и преку ноќ исто како со аларм се буди на 3 часа. Според неговата желба за јадење рано ни е за вечера, само мислев да не спие подобро и можеби нема да бара млеко, а можеби и пак ќе си бара .
Не знам колку месеци е ама еве моето е 7, јаде 3 пати (доручек и ручек по 180гр), цица колку сака и пак се буди ноќе минимум 5 пати. Му давав и ад пред 1 месец, пак се будеше. До детето е, има бебиња од раѓање си спијат убаво.
6 и пол месеци, роден е 35та недела. До 6 месеци се будеше на 2 часа ама беше повеќе на мајчино, сега со ад го држи 3 часа.
1. Со што комбинирате црвена леќа? 2. Тестенини без јајце каде купувате? И дали се сецкаат или да му ги дадам цели да ги грицка? Бебе е 9м. Фала мајки
Ретко кои тестенини се со јајце. Така да во маркет кога ќе отидеш можеш било кои да ги земеш. За секој случај прочитај содржина.
jas davav 2 pati osmina vo nedelata pa slednata nedela 2 pati cetvrtina pa slednata 2 pati polovina i potoa davas 2 pati. cela zolcka.